Среда, 16 Август 2023   
Прашања од Македонката од Перт до грчката заедница за археолошките пронајдоци во Кутлеш (Вергина)

Во далечната 1986 година, група македонски патриоти од ТНМРО на Перт, Западна Австралија, присаствуваа на единственото, до тогаш во Австралија, историјско предавање на Деканот на катедрата за историја, д-р Норман Ештон.

Тие беа почетоците на македонските историчари од диаспората, студиозно да ја проучуваат и презентираат македонската античка историјска вистина.

Пишува: Јанко ТОМОВ, историчар, Бризбен, Квинсленд, Австралија

Оваа Македонка, која ја преставуваше организацијата, супруга на еден од членовите, поставуваше прашања на д-р Норман Аштон, за време на неговото предавање, во Грчката општина во Перт. Ова предаванје беше на тема “Пронајдоците во Вергина”, а организатор беше грчката органзиација Пан-Македоники.

Во врска со писмото од ТНМРО до “Глас на Македонците” (05.11.1986) го приложувам целиот овој мој материјал потпишан под шифра “М-21-Ф. Македонски.”
egejska-makedonija

Неуспешна анти-македонска провокација

Честитки за д-р Норман Аштон од Универзитетот во Западна Австралија.Ние Македонците во Австралија, Америка, Канада, Европа и целиот свет, како и нашите браќа и сестри во СРМ, но и во окупираните делови на Македонија, можеме да бидеме горди и радосни што еден од најучените луѓе во Австралија д-р Норман Аштон од Универзиеттот во Западна Австралија, на своето предавање “Пронајдоците во Вергина” (гратче во еегјскиот дел на Македонија) пред австралиската јавност ги изложи фактите за постоењето на македонскиот народ. Изложувајќи ја чистата вистина за постоењето на македонската држава, македонските цареви, македонските кралски знаменитости и обележја, македонската националност и македонските посебности. Сето ова е уште една потврда за западниот австралиски деморатски дух и систем на вистинско, правично, демократско и логично заклу-чување на фактите и доказите кои произлегуваат од едно време од каде потекнува темелот на македонската нација, а тоа е античко-македонската цвилизација која немала ништо заедничко со елинската (грчката).

Јас сум роден Македонец и не робувам на ниту една странска пропаганда. Неодамна бев на предавањето од д-р Норман Аштон, кое се одржа во Перт (Западна Австралија). Предавањето се одржа на 22 октомври 1986 година, во 7.30 часот навечер во рамките на манифестацијата “Фестивал на грчките Македонци - Димитрија 1986” организиран од грчката организација Пан-Македоники од Западна Австралија.Ова предавање се одржа во салата на Грчкиот општински центар во Перт, Западна Австралија на 20 “Паркер Стреет”. Предавањето беше по повод најновите археолошки откритија во македонските гратчиња Вергина и Дион (во околината на Солун).

Во салата на споменатиот центар, уште на самиот влез, голем број луѓе беа насобрани околу д-р Норман Аштон, кои меѓусебно дискутираа и ги гледаа цртежите и книгите, што беа изложени на неколку маси покрај зидот и кои ги прикажуваа археолошките ископувања, а на кои се читаа претежно грчки натписи.

Со мојот придружник (кој живее во Перт) најдовме место меѓу присутните околу 150 посетители. Забележавме дека повеќето присутни беа Македонци од егејскиот дел на Македонија. Сите беа пристојно облечени и се познаваше дека се добро ситуирани луѓе. На лицата од мнозина од нив превладуваше белиот тен и питомиот израз. Во салата имаше и Грци, што се гледаше по нивниот потемен тен на лицата. Мојот придружник, оценувајќи го моето љубопитно загледување на луѓето, рече: “Ние Македонците можеме да се препознаеме и во темница, иако мнозина од нас имаат темни мисли.” Овие разлики меѓу Македонците и Грците се гледаат и од цртежите и статуите на ликовите на македонските кралеви, припадниците на македонските семејства и македонските филозофи и војници и сл., од кои се гледаат разликите помегју нив и Грците. Впрочем, овие разлики до денес постојат мегју Македоцните и Грците.

Одвреме навреме присутните во салата се свртуваа кон влезот,веројатно тогаш кога влегуваа за нив познати лица, бидејќи се чувствуваше дека тие меѓусебно се познаваат. Светнаа и неколку блицеви од фотоапарати што оддаваше извесна важност на овој собир.

Непосредно пред самиот почеток се слушна меѓусебно гласно зборување на тројца луѓе, кои седеа на задните седишта. Едниот од нив намерно зборуваше гласно, така што сите можеа да го слушнат. Тој велеше: “Ние сме грчки Македонци и немаме ништо заедничко со југословенските и со бугарските Македонци. Тие се Славјани, а ние сме Грци.” Беше очигледно дека мнозина присутни беа навредени од ова провокација. Бев навреден и јас, но не реагирав, затоа што таква ми беше задачата порадио што и долетав од Сиднеј.

Набргу еден од органзиаторите проговори нешто на грчки, а потоа и на англиски, при што му даде збор на д-р Норман Аштон.

Заблагодарувајќи се на дадениот збор д-р Норман Аштон го започна предавањето, кое беше стручно и професионално подготвено, гласно и убедливо.

Д-р Аштон прво даде увод на своето предавање, што го поткрепи со големи илустрации што се појавуваа лево и десно од него. Д-р Аштон истакна дека ќе зборува врз основа на археолошките пронајдоци од Вергина и Дион во 1977 година од македонскта кралска гробница, каде беа најдени моштите на Филип Втори Македонски.Но,тој потенцира дека овие материјали се дадени на користење од страна на грчката власт на светските историчари, а дека имало и други кои не биле достапни.

Ископувањата на македонската кралска гробница им задавало големи проблеми на грчките археолози, како и на некои германски и други археолози кои заеднички ги вршеле ископувањата. Многу работи биле нејасни за нив и затоа морале да бидат многу претапзливи, нарочно за да не се сруши целата гробница. Во еден дел од гробницата пронашле ковчег на кој на капакот бил македонскиот симбол на Сонцето (пронаоѓачите овој симбол го нарекле - Зведза). Кралската круна била карактериастична на македонските владетели. Градниот златен штит, украсен со скапоцени каменја, скапоцености и многу слични работи што лично му припаѓале на македонскот крал Филип Втори Македонски, како и 25 бисти со ликови од членовите на неговото семејство, од кои само 5 ги одобриле грчката власт за светската јавност. Мегју нив се потврди дека едната била на неговиот син Александар Трети Македонски, а другата на зетот на Филип Втори, кој исто така се викал Александар. Бистите биле големи околу 30 сантиментри. Покрај останатото, д-р Норман Аштон го објасни мотивот на убиството на Филип Втори Македонски,при што кажа дека убиството било по наредба на неговата жена Олимпија, која била по потекло од Епир. Мотивот бил љубомора бидејќи нејзиниот маж Филип Втори, освен со неа, се оженил и за една Македонка по име Клеопатра. По убиството на Филип Втори Македонски била убиена и неговата нова жена Клеопатра, која била бремена. Подоцна и Келопатра била погребана во истата гробница близу до ковчегот на со Филип Втори Македонски.

За цело време на предавањето д-р Аштон зборуваше дека Филип Втори Македонски бил МАКЕДОНЕЦ и македонски крал. Исто така за пронајдените реквизити зборуваше дека се: македонски кралски обележја, како што бил и златниот обрач што го носеле на главите сите македонски владетели, кое било карактеристично македонско обекежје. Тој постојано ги употребуваше термините: Македонци, македонски и сл.

Како дел од најновите откритија близу површниот слој на македонската кралска гробница, биле пронајдени над 75 надгробни мермерни плочи за кои се претпоставува, според грчкиот професор Андроникос, дека биле од македонско кралско потекло и дека грчката власт на светските историчари им одобрила само 25 од кои д-р Аштон прочита неколку “грчки иминја”, поради што д-р Аштон заклучи дека Македонците “носеле грчки иминја, пишувале на грчки и веројатно биле блиски со Грците”.

Последните зборови малку личеа на пропаганда и доколку ние Македонците го организиравме ова предавање сигурно дека ќе се погрижевме да ги известиме слушателите дека постојат голем број материјали од овие ископувања што грчката влада ги крие и не ги покажува пред јавноста. Ќе баравме д-р Аштон да ни објасни каде се останатите педесетина бисти и надгробни споменици, кои имаат натписи со македонски имиња и дали тие досега не се уништени од грчката држава за да нема докази за посебноста на Македонците? Впрочем и самиот д-р Аштон ги спомна тие педесетина споменици , изјавувајќи дека не знаел зошто грчката власт не ги покажува пред историчарите ширум светот. Знаевме за најновото откритие на Жан Русо,близу до морскиот брег недалеку од Солун од II век пред Христа, т.е. од времето кога Римјаните го победиле последниот македонски крал Персеј, по што го ограбиле македонскиот кралски дворец во Пела и сакале да ги пренесат сите скапоцености во Рим. Еден од римските бродови потонал (најверојатно бил потопен од Македонците), а неодамна Жан Русо, користејќи најсовремена технологија, за подводно истражување, пронашол многу од македонските скапоцености. Но, и ова истражување се вршело под контрола на грчката власт, па светот дознал многу малку за тоа богатсво, додека Русо сигурно дека знаел повекје.

Последниот дел на д-р Аштон јасно потврди дека Македоцните не можеле да бидат Грци, затоа што во спротивно грчката влада не би ги криела доказите за македонската култура пред светот и не би ги прикажувала исклучително селективно. Бидејкји за време на целото предавање д-р Аштон упот-ребуваше македонски детерминирања за античка Македонија, па дури и потенцираше дека Клеопатра не била Гркиња, туку Македонка, по завршувањето на предавањето, еден од присутните, даде провокативна забелешка и рече:

“Професоре, Вие зборувате за некакви македонски кралеви, македонски кралски обележја, македонски народ... Знаете ли што значи зборот Македон? Тој збор е грчки!”

Д-р Норман Аштон по малку налутен рече: “Јас не знам каков збор е зборот Македон, јас само ги изнесувам фактите што произлегуваат од археолошките ископувања.” На ова провокаторот рече: “Како тоа да не знаете што значи зборот Македон? Гледате дека денес овој збор го употребуваат и југословенските и бугарските Македонци. Но, тие не се Македонци, тие се Славјани...”

Оваа непријатна атмосфера ја прекина човекот што седеше до д-р Аштон и му нареди на провокаторот да седне и да не зборува повекје.

Тогаш збор побара една интелигентна жена, која седеше во задните реедови. Откако доби збор, жената на англиски јазик (но со македонски акцент), рече:

“Д-р Аштон Вие во Вашето предавање многупати ги спомнавте зборовите:македонски народ,македонски кралеви, македонски симболи и сл., што значи дека Македонија беше држава која нема ништо заедничко со Грците, кои биле нејзини непријатели.Сите историчари знаат дека Македонија била засебна држава како што била римската и грчката...”

Д-р Аштон ја прекина жената со зборовите:

“Постоела македонска држава, исто како и римска, но грчка држава тогаш немало.”

Македонката очигледно беше задоволна од одговорот, а неколкумина околу неа и честитата. Потоа тие задоволни ја напуштија салата. На гркоманите им стана јасно дека во салата имаше и вистински Македонци кои со задоволство го слушаа предавањето. Ова предавање беше организирано за грчки пропагандни цели, но тој аспект доживеа целосен неуспех. Напротив, им даде уште поголема воља на Македонците за откривањето на историската вистина.

Честитки и за Македонката од Перт, која успешно се застапи за одбрана на македонската самобитност на ова предаванје.Веднаш по предавањето им пријдов на Македонката од Перт и на нејзиниот сопруг кои посакаа да останат анонимни. Тие ми кажаа дека се многу задоволни од предавњето во кое за првпат потемелно се проговори за автентичната македонска култура и самобитност.Тие ми кажаа дека се школувани во СР Македонија, но нивните знаења за македонската историја биле минимални и биле измешани со инетресите на балканските славјански народи. Тие рекоа дека македонската интелигенција во Југославија, Бугарија, Грција и Албанија треба да ја изучува вистинската македонска историја по училиштата. Тие рекоа и дека вакви предаванја треба да организираат и македонските организации во Западна Австралија и светот со што кје се намали анти-македонската пропаганда. Тие истакнаа дека ги почитуваат сите народи кои живеат во Австралија, но дека се горди на својата македонска националност и култура. Тие рекоа и дека се злагаат за признавање на основните човекови и национални права на Македонците во поробените делови од Македонија и дека со тоа нема да се навреди ниту една друга нација или култура. Напротив, со тоа ќе дојде до поголема соработка меѓу народите и до општ проспертет во светот.

(Земено од книгата:Тајното Народно Македонско Револуционерно Движење од Австралија, 2008 година Македонија Австралија, Јанко Томов,ИСБН 13978-9989-2935-4-2)

 

На прво место

News image

До 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид и експресните патишта

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт до 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – О...

Историја

News image

Албанците од Македонија не се фински швеѓани-Драган Богдановски- 1997г.

Госпоѓа Елизабет Рен, финска државјанка од миноритетската шведска јазична група, бивша министерка за...

Иселеници

News image

АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Професорот  Мотоки Номачи е истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на...

Фељтон

News image

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (20)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.