Среда, 26 Декември 2012   
Кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ- активности во Европа и Австралија (14)

janko-tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ

Реферирање на Богдановски од страна на лидерите на поранешен ДООМ и НОФМ, по неговото повторно емигрирање во Шветска и Германија во почетокот на1989 година

Кога Драган Богдановски повторно емигрира во Шветска, Германија, а  и  во Франција во 1989 година, на 5 јули добива писмо од Михаил Шариновски-Солунски, како одговор на неговото претходно писмо во врска со менувањето на ДООМ во НОФМ. Во објаснувањето на Солунски, дека тој, Ристе Ристески и Стојан Србинов биле под надзор на австралиската федерална полиција, која ги сметала како лидери на револуционерно движење, што по австралиските сфаќања значело терористичко! Поради тоа, ДООМ на својот петти конгрес го сменил името во НОФМ.

Во тоа време, Солунски му се жали на Драган од Стојан Србинов, бидејќи го растурил поткомитетот на ДООМ во Мелбурн, Викторија. Понатаму, Солунски му реферира на Богдановски, дека движењето паднало во рацете на Драгољуб Андоновски, бидејќи наводно Андоновски соработувал со Панко Стамкоски, Ангеле Вретоски, Крсто Јенчев Димитров, Ѓорги Чочков и други од весникот „Македонија“ и НМРО со списанието „Глас на Македонците“. Понатаму, Солунски вели дека Андоновски работел под името “Доктор Балкански”. Во врска со прашањето од Богдановски, зошто ја дал „Македонска нација“ на Миле Илиевски во Европа, Солунски вели дека, откако Исајковски го присвоил бизнисот за себе (се мисли за купениот ресторан од собраните пари од раководствата на ДООМ) и дека не праќал пари, така Солунски се нашол во финансиска криза. Во тоа време Миле Илиевски го објавувал весникот „Македонија“, како орган на поткомитетот на ДООМ во Шведска. Солунски му предложил на Илиевски да не го објавува тој весник и наместо тоа, да ги праќа парите во Австралија за да може да ја печатат „Македонска нација“.

dragan-bogdanovski-i-mihail-sarinovski-solunski
Драган Богдановски
Михаил Шариновски-Солунски

Драган Богдановски на 19 јуни 1989 година во Гетеборг, Шведска напишал статија: „Лакеите се однесуваат како господари“, што најверојатно се однесува на тие кои го пропаднаа ДООМ.

Сега да видиме што му пишува Драгољуб Андоновски на Богдановски. Андоновски го напаѓа Панко Стамкоски, дека му праќа многу материјали за објавување во весникот „Македонија“, но Панко не ги објавувал, бидејќи не го сакал и почитувал Андоновски (Панко не ги сакал про-социјалистичките и про-западно Карпатните словенски статии на Андоновски). При тоа, Андоновски му нудел на Богдановски некој материјал за да се испрати до Македонска Патриотска Организација (МПО), про-бугарска организација во САД, сметајќи дека Драган би се согласил со тоа. Во таа игра Иливски е на страната на Панко Стамкоски и го поддржува затоа што не ги објавува комунистичките статии на Б. Андоновски.

По правен начин, според правилата на правосудските органи на западните држави, каде живееме ние македонските иселеници и од организационен аспект за кој е потребна административно-техничка основа, а која е во зависност од стручната способност на организаторите и раководните членови на нивните Комитети од Македонското движење во дијаспората, се создаде потреба од основање на Координативен Одбор или Комитет на ДПМНЕ, а на таа основа и Иницијативни Одбори за формирање на ограноци на ДПМНЕ. Секако, таа подготовка отпочнала со повторното емигрирање на Драган Богдановски во дијаспората, во почетокот на 1989 година, но најинтензивна била кон крајот на 1989 година и почетокот на 1990 година.

Во еден документ во архивот на СВР на СР Македонија (Југославија), стои дека Драган Богдановски во Шведска бил активен од април 1989 до јули 1990, каде Драган се здобил со  политички азил. Во овој период Драган се поврзал со Панко Стамкоски во неговиот весник „Македонија“ од Мелбурн, а и со „Народна Воља“ на уредникот Александар Христов.  Во ноември 1989 година, Дрган Богдановски објавува статија: „Политичка платформа на ДПМНЕ“. Панко Стамкоски и Јонче Трајчевски од Билдон, Мелбурн, Австралија, малку ја поправија оваа политичка платформа и му ја испратија на Јанко Томов од Перт, Западна Австралија. Во тоа време, при крајот на 1989 година и почетокот на 1990 година, Јанко Томов го пишува и објавува материјалот: „Идејно организирање и обединување на македонските патриоти“. Овој пообемен материјал, Томов му го испраќа на Стамкоски за  „Македонија“ од Мелбурн и исто така му го испраќа на Драган Богдановски во Шведска (оваа статија е целосно печатена и во книгата: „Поткрепа од убавиот Перт“ во 2000 година во Бризбен, Австралија).

На 20 февруари 1990 година, Драган Богдановски го издал Манифестот за Координативниот Комитет на ДПМНЕ, дека бил формиран и дека функционирал во Стокхолм, со следното раководство: претседател-Драган Богдановски, потпретседател-Панко Стамкоски и секретар-Дане Поповски.

Искуствата за формирање и преименување на поранешните македонски национално политички организации, при модифицирање, односно додавање или исфрлање на поедини членови од статутите, или осовремување на политичките платформи, правилниците за активност и слично и овојпат сето тоа било сторено во соработка со повидни поранешни и актуални лидери на движењето. Така, Драган Богдановски во заеднички договор го објавува основаниот Координативен Комитет на ДПМНЕ за дијаспората, со следните функции по државите и континентите:

-       Драган Богдановски претседател на Координативниот Комитет на ДПМНЕ;

-       Драган Богдановски, претседател на Координативниот Совет на Шведска;

-       Страхил Пеев, потпретседател на Координативниот Совет на Шведска;

-       Панко Стамкоски, потпретседател на Координативниот Совет на Австралија;

-       Дане Поповски, секретар на Координативниот совет на САД.

На 20 мај 1990 година, во писмо до Драган Богдановски, Јанко Томов му испрати материјал со конкретни задачи за „Замислата и концептот за функционирањето на ДПМНЕ во дијаспората“ (види на страна 50-60 во „Поткрепа од убавиот Перт“, од Ј.Т. 2000 година, Бризбен, Австралија).

Да се вратиме и доискажеме за последните активности на дел од раководството на ТНМРО (група македонски патриоти) од Перт, во почетокот на 1990 година. Така, меѓу другите заслуги на ТНМРО е и основањето на „Македонски Патриотски Билтен“ кој тпочна да се објавува во 1989 година, како информативен билтен на Поткомитетот за МЧП на Перт. Овој билтен технички го уредуваа Крсто Шкодров, Јоте Ќандовски и Јанко Томов, кој беше и главен уредник. Билтенот излезе во три броја, со повеќе од илјада примероци, кои се праќаа низ цела Австралија. Во него беа внесени сите реферати на Првата Конференција на  Поткомитетите за МЧП на Австралија, која се оджа во Перт во 1989 година. Во креирање, пишување и уредување, на материјали за Првата Конференција на Поткомитетите за МЧП, а внесени како реферати во „Македонски Патриотски Билтен“, учествуваше Јанко Томов, стимулирајќи ги другите автори на рефератите, меѓу кои беше и рефератот на Михаил Шариновски, Крис Ангелков и други.

makedonski-patriotski-bilten
Фотографија од “Македонски патриотсдки билтен” и од Првиот Светски Конгрес за МЧП, одржан во Аделаид, Јужна Австралија во Март 1990

Со ангажираноста во формирање на Иницијативни Одбори на ограноците на ДПМНЕ и на ВМРО-ДПМНЕ во март 1990, Јанко Томов доброволно поднесе оставка од Поткомитетот за МЧП на З.Австралија, како и од функцијата благајник на Австралиски-Македонски Комитет за Човекови Права од Перт, Западна Австралија. Со тоа престана и објавувањето на „Македонски Патриотски Билтен“, кој беше прифатен од сите активисти за МЧП, кои изразија жалење за престанокот.

П р о д о л ж у в а

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.