Среда, 26 Декември 2012   
Во Сиднеј 2012 година, ЧИТАЊЕ НА КНИГИ

Иван ТРПОСКИ

Во изминатиов едногодишен период на 2012 година, која од Библиотекарската асоцијација на Австралија беше прогласена како Година за читање на книги, убаво е да дадеме и свој прилог посветен на оваа тема.

citanje-knigi-1

На прашањето, колкав беше интересот за читање на книги во изминатиов период, и покрај тоа што аналитичарите ја оценуваат посетеноста како задоволителна, реалната оцена би била незадоволителна. Намалената посетеност на читателите во библиотеките најмногу се должи на творечката распосланост на страниците во електронска форма. Но, да бидеме искрени, книга в раце е едно, а книга во комјутер е друго. Мирисот на книгата читателот го чувствува еднакво како и мислата на авторот пренесена на книжните страници.

За македонските читатели кои повремено ја посетуваат Македонската библиотека, сопственост на Литературното друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј, можам слободно да го изнесам следниот податок. Посетеноста, не само во оваа година, туку и во годнините пред неа, е значително намалена. Секако, ова најпрво се должи на комјутеризираната технологија, а уште повеќе на дневно-политичките и верски настани кои ја парализираа не само читачката публика во Република Македонија, туку и македонските заедници ширум светот. Почести посетители моментално се повозрасните луѓе и учениците од локалните училишта, каде се изучува македонскиот литературен јазик. Повозрасните читатели ги позајмуваат книгите со историско-научна тематика, додека учениците ги позајмуваат лектирските книги. Од поредовните посетители во изминатава година ќе ги спомнеме следниве лица: Душан Ристевски, Перо Дамчевски – Коцин, Ирена и Сашко Велјанови, Жаклина Михајлова, Ванчо Салиоски, Борислав Мусовски, Борче Миновски, Лилјана Тошеска, Спасија Огненовска, Кире Трајковски, Благоја Поповски, Илија Велјаноски, Бранко Наумовски, Никола Матоски, Орце Марковски и други. А од учениците поредовни позајмувачи на книги беа: Јованче (13 години) и Филип (9 години) Апостоловски, ученици во Народното училиште во Темпи, Шантел Камнароска (10 години), ученичка во Народното училиште во Рогдаел и Игор Марковски (9 години), ученик во Народното училиште во Калтон.

citanje-knigi-2

На последниот собир во библиотеката, покрај честите позајмувачи на книги, присутна беше и г-ѓа Блага Тутеска, пензионирана наставничка по македонски јазик и директорка во Основнтото училиште „Рамко Левката“ во Прилеп, каде ги одработила последните 39 години од својот наставнички живот. Таа апелираше до родителите, што помасовно да ги запишуваат своите деца во етничките училишта, каде се изучува нивниот мајчин јазик и да ги читаат делата од македонските автори. Во нејзина придружба беше и уредникот на веб страницата „Шило весник“ г-дин Оливер Димоски.

Од име на Одборот на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, убаво е да им се заблагодариме на нашите членови, на позајмувачите на книги, на донаторите, на соработниците, на целата македонска заедница во Австралија, како и на сите Македонци во целиот свет со честитки за добро здравје и просперитет во животот, како и убав помин за време на Божиќните и Новогодишни празници. Библиотеката со работа ќе почне на 1-ви февруари 2013 година, кога ќе се одржи и првиот состанок.

citanje-knigi-3

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.