Среда, 09 Јануари 2013   
Кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ- активности во Европа и Австралија (16)

Пишува: Јанко ТОМОВ

Во 1989 година, списанието „Глас на Македонците“ од Сиднеј, престана да се печати. Една од причините  беше појава на нови весници, како „Австралиски Македонски Неделник“ (АМН) и „Тудеј“ (Денес), двата од Мелбурн. Тоа истовремено влијаеше и на  популарноста  и на зголемениот тираж на  весникот „Македонија“ од Мелбурн. Двата нови весници, едниот со повеќе про-комунистички, односно социјалистички содржини и информации за Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а другиот слично, но малку поблиску до демократијата, за македонската емиграција од СР Македонија. Сега повеќе од кога и да било, весникот „Македонија“ кој го едитуваше Панко Стамкоски, кој беше основан во 1982 година, отпочна да ги објавува сите патриотски теми. Најпрво во „Македонија“ од Мелбурн почнаа да се објавуваат национално политичките статии на Драган Богдановски.

Во декември 1989 година во весникот „Млад Борец“ во Скопје, според Гојко Јаковлески, бил публикуван Предлог Статут и Предлог Програма на ДПМНЕ. Богдановски има врски со поедини патриоти во републиката и со уредникот на овој патриотски весник од Скопје.

Богдановски поголемиот дел од времето, од повторното емигрирање од Македонија, живее во Шведска. Да се потсетиме дека на 20 февруари 1990 година, Драган Богдановски го издал Манифестот за Координативниот Комитет на ДПМНЕ, при што, покрај другите Совети, бил формиран и Координативниот Совет на ДПМНЕ од Шведска, чиј претседател бил самиот Богдановски.

Драган Богдановски во писмо од 18 април 1990 година на Јанко Томов од Перт, Западна Австралија му пишува за ДПМНЕ (види во книгата: „Поткрепа од убавиот Перт“, од 2000 година од Ј.Томов, стр. 40). Драган вели: „Вчера (17 април) имав телефонски разговор долу во Скопје, нашите соидејци и соборци го собрале потребниот број потписи и избрале внатрешно раководство, така да сега ќе се обидат партијата да ја легализираат“. Понатаму Драган вели: „Доколку партијата законски биде одобрена, не ја исклучувам можноста да се вратам и да бидам со народот во борбата за илинденска Македонија“.

Во почетокот на март 1990 година, ние од Координативниит Совет на Австралија, веќе имавме изградено концепт за формирање на ограноци на ДПМНЕ, почнувајќи интензивно со преписи, телефонски разговори и договарања со Драган Богдановски и меѓусебно. Во Перт, Западна Австралија, во февруари 1990 година, почнуваат подготовки со консулрации, со заинтересирани Македонци за национална и политичка ангажираност, а  кон крајот на мај и почетокот на јуни 1990 година се  започнува и со состаноци по групи за создавање на Иницијативен Одбор на  ДПМНЕ за Перт и Западна Австралија. На 22 јули во домот на Јанко Томов во населбата  Вембли Даонс, Перт, Западна Австралија се основа првиот Иницијативен Одбор на ДПМНЕ, а вториот состанок во домот на македонскиот патриот Крис Стојчев во населбата Комо во Перт.

krsto-skodrov-i-janko-tomov
Крсто Шкодров и Јанко Томов пред домот на Томови, каде се основа Иницијативниот Одбор на ДПМНЕ за Перт  З.А.

Во април – мај 1990 година, Драган Богдановски доаѓа во Берлин, каде заедно со браќата Гојко и Мане Јаковлески во нивниот ресторан „Ново Скопје“, одржуваат состанок за  утврдување на Програмата на ДПМНЕ, како и други материјали, меѓу кои бил и Предлог Статутот. На тој состанок присуствувал и Диневски-Динката. Гојко и Мане вложиле големи средства за да успее преносот на ДПМНЕ од дијаспората во републиката. При тоа, Јаковлески се договориле на свој трошок да се поканат поедини патриоти од републиката, кои Богдановски ги познавал или имал евиденција за нив, за да се договорат подетално во Минхен. Драган Богдановски телефонски го информирал Владо Транталовски од Ресен да дојде во Минхен со неколку негови истомисленици, со цел договарање за новата политичка партија, за статутите и политичката платформа да се пренесат кај нив, за да се оствари Основачко Собрание во Скопје, СР Македонија.

Во меѓувреме во Ресен, во куќата на Владо Трандаловски и неговата ќерка Диана се одржуваат состаноци и договарања на кои покрај домаќините присуствувале и Борис Змејковски од Скопје, Звонко Станковски и други патриоти.

Наскоро, по средбата во Берлин се одржал состанок за основање на ВМРО-ДПМНЕ во Минхен, Германија, на 31 мај и 1 и 2 јуни 1990 година, на кој присуствувале Драган Богдановски, Гојко Јаковлески, Борис Змејковски, Љубчо Георгиевски и Владо Транталовски. Пред ДПМНЕ, на предлог на Борис Змејковски се согласиле да го стават ВМРО, светлиот Илинденски идеал и така станало ВМРО-ДПМНЕ. За лидер на ВМРО-ДПМНЕ во СР Македонија бил поставен Љубчо Георгиевски, а Основачкото Собрание за СР Македонија се одржа во Скопје, истиот месец 1990 година.

Кога основачите на ВМРО-ДПМНЕ од Минхен, Германија, се вратиле во СР Македонија, веднаш ја регистрирале новата политичка партија во СВР на Собранието на град Скопје, во отсекот за Внатрешни работи, под број “ЦП бр. 38669 18/г, на 3. 8. 1990, каде партијата во регистерот била запишана како ВМРО-ДПМНЕ, реден број 1288, со седиште на Гоно Врановска бр. 122, Општина Кисела Вода, Скопје.

Според пишувањето на Диана Транталовска, ќерката на Владо Транталовски кој со Драган Богдановски се запознал во Германија, тогаш сме оделе по права патека за постоењето на Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ДПМНЕ) во дијаспората. Исто така се потврдува дека  биле  спремни сите потребни материјали за основачки конференции. Диана вели, дека Борис Змејковски, Љубчо Георгиевски и Владо Транталовски, кои на покана на Богдановски и Јаковлески, престојувале во Минхен на 31 мај и на 1 и 2 јуни 1990 година и пред да заминат назад во Македонија од Драган Богдановски и Гојко Јаковлески земале пакети со пропагандни материјали и инструкции за формирање на ВМРО-ДПМНЕ во СР Македонија.

osnovacko-sobranie-1990
Дел од присутните на Основачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни 1990 година во Дом на Млади, Скопје, СР Македонија.

П р о д о л ж у в а
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.