Понеделник, 22 Април 2013   
Хашкиот трибунал повторно да ги отвори четирите предмети од Македонија

omd_2Обединетата македонска дијаспора (ОМД) испрати писмо до Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (Хашки трибунал) во кое се бара одобвинителот повторно да ги разгледа четирите предмети (Мавровски работници, Непроштено, Водство на ОНА и Липковска брана) кои во 2008 година беа вратени на македонските судови.

ОМД го испрати ова барање бидејки смета дека македонското судство и обвинителство не ги процесуираа овие четири предмети во согласност сопринципот на владеењето на правото. Одлуката на Уставниот суд на Македонија да не го оспори автентичното толкување на Законот за Амнестија е во спротивност на меѓународното право.

"Македонија како млада демократија има судски систем кој сеуште се развива, но јасно е дека  македонското судство понекогаш не успева да ја спроведе правдата и да сe држи до принципот на владеење на правото.  Затоа Хашкиот трибунал е единствената институција која што може да обезбеди правда и да ја спречи културата на неказнивост во Македонија" рече претседателот на ОМД Методија А Колоски.


"Хашкиот трибунал имаше донесено грешна одлука да се тужи само дел од сторителите во конфликтот во 2001 година, а другите да се вратат во средина каде што судството не е потполно независноод политичките структури во државата.  Затоа ОМД испрати писмо до Хашкиот трибунал во кое побара трибуналот да ги врати во своја надлежност останатите четири предмети од конфликтот во 2001. Според Статутот, Правилникот и праксата на трибуналот, теоретски тој може повторно да ги земе овие случаи во своја надлежност", заклучи Колоски.

Барањето до канцеларијата на јавниот обвинител на Хашкиот трибунал се базира на следново:

- Амнестијата за злосторствата против човештвото и воените злосторства не е во согласност со меѓународното право.  Нормите во меѓународното право не дозволуваат отстапки кога се работи за амнестија на горенаведените злосторства.

-Одлуката на македонскиот парламент од 2011 година да ги амнестира ваквите кривични дела штити одредени поединци од кривична одговорност.

-Врз основа на правилото на предност, Хашкиот трибунал треба да ги врати овие случаи во своја надлeжност особено бидејќи релевантните национални власти се неспособни или не сакаат да ги процесираат случаите. 

- Правилникот на Хашкиот трибунал овозможува тој да повлече предмет кога институциите во прашање не можат да спроведат фер судење.  Исто така и праксата на трибуналот дозволува тој да повлече несериозно процесуирани предмети.

ОМД е свесна дека Хашкиот трибунал наскоро ќе се затвори, но нагласува дека доколку  трибуналот не е во можност да ги врати четирите предмети во своја наделжност, Резидуалниот механизам кој ќе биде правен наследник на трибуналот, би бил во можност да го стори тоа.  Резидуалниот механизам ги наследува надлежностите и ги продолжува правата, обврските и основните функции на Хашкиот трибунал.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.