|
|
Годишната конференција на иселеничките организации |
На Четвртата годишна конференција на иселеничките организации што ќе се одржи на 25/26 јули 2013 година во Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, покрај излагања од страна на претставници од соодветните институции и органи од Република Македонија, предвидени се излагања и дискусии од страна на претставниците на иселеничките организации кои ќе присуствуваат на Конференцијата.
Теми: 1. Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи;
2. Државјанство и избирачко право;
3. Организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. |