|
|
Јубилејна забава „Македонска Трпеза“ - Сиднеј |
Во организација на Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик, на 10-ти мај, во свечената “Conca D’Oro”, во Сиднеј, по 20-ти пат се одржа традиционалната вечер на македонските бизнисмени и професионалци, наречена “Македонска трпеза“. Покрај многубројните гости, присутни на вечерата беа Г-динот Грег Кели, член на федералниот Парламент, кој го претставуваше Лидерот на опозицијата Г-динот Тони Абот, членот на Парламентот на НЈВ, Г-динот Џон Сидоти, кој зборуваше во името на Премиерот на НЈВ – Бари О’Фарел, а присутни беа и други членови на Парламентот и членови на локалните Општини. Вечерта, Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик ги додели највисоките признанија “Македонско сонце“, за најдобри достигнувања во 2012 година. Од областа на бизнисот наградата “Македонско сонце“ за 2012 година, за натпросечни деловни резултати ја добија Мајкал и Петар Кулаковски, сопственици на Компанијата “Kurmond Homes“ од Сиднеј. Покрај нив номинирани за оваа висока награда беа: Д-р Гордана Цвејоска Стивенс и Д-р Габриела Цвејоска, сопственици на стоматолошката ординација “Your Smile Centre” од Сиднеј и Љупчо Луј Богдановски, сопственик на Компанијата “Mc Carthy Auto Repairs“ од Сиднеј. “Македонското сонце“ за најдобри достигнувања во општествените дејности, образованието, културата и спортот во 2012 година, го доби спортистката и фитнес модел Белинда Ристеска, која е првак во фитнес боди билдинг во Австралија, а учествуваше и на светското првенство, а номинирани за ова признание беа и Благоја Божиноски и Владо Крстески од Њукастел, за публикацијата “Четврта генерација“, како и Д-р Ирена Вељанова за креацијата на улогата на Алтана во драмата “Остави ја свеќата да гори“. Наградата за животно дело ја доби Д-р Васил Тулевски – истакнат активист и пионер во развитокот на македонската заедница во Сиднеј. Изненадување на вечерта беше доделувањето на Наградата од Парламентот на НЈВ, за доброволна работа во македонската заедница. Г-динот Шефкет Моселмен – член на Парламентот на НЈВ, ова високо признание й го врачи на Г-ѓа Жаклина Михајлова, истакнат активист во македонската заедница. Забавата помина во пријатна и весела македонска атмосвера. Присутните ги забавуваа Пеце Јованов – Пецката, Љупчо Стојчевски - Гаште и Александар Јосифовски, како и ексклузивната гостинка од Македонија, пејачката Маријана Димитриева. А специјаен настап имаше елитниот состав на КУД “Илинден“ кои со своето играње ја воодушевија публиката. Вечерта директно од аеродром пристигнаа и членовите на К-15 кои беа атракција за публиката. Македонскиот Телефонски Именик е книга за секој дом. Тоа е најиздавана македонска публикација во дијаспората. Македонскиот Телефонски Именик е гордост на македонската заедница во Австралија. Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик на сите Македонци им се заблагодарува на довербата со желби за понатамошна успешна соработка. Македонска нација |