Среда, 29 Мај 2013   
Дали ОМД и во Скопје ќе го повтори успехот од Вашингтон?

Колку што се наближува времето за одржување на 4-тата конференција на Обединетата Македонска Дијаспора во Скопје, Р. Македонија на 24-27 јули 2013 година, толку интересот во јавноста е се поголем и поголем. Членовите на оваа најуспешна македонска организација надвор од Македонија со нетрпение го очекуваат нејзиното отворање. Понудената програма, која навестува интересни теми за учесниците, особен приоритет ќе и се даде на темата – 100 годишнината од поделбата на Македонија во Букурешт, за која од излагањата на плејадата лично ќе бидат запознаени врвни професори и експерти по историски науки. Покрај предавањата предвидени се и дискусии на учесниците, средби со државни и странски дипломати, вечерни забави, патнички тури и секако Гала вечерта на која ќе бидат доделени повеќе признанија на заслужни активисти од македонската заедница, како и на поддржувачи и соработници од пријателски земји. Интересно е што ОМД организира и групни излети  низ Скопје, низ Благоевград, низ Охрид, Струга и Пустец,низ Битола и Воден и низ познатите винарски визби на македонското повардарие. Убаво е да се види и чуе с# што е добро и е во интерес на Македонија и Македонците. А тоа без сомнение ќе ни го овозможат вредните организатори на ОМД. Се надеваме дека и овој пат ќе понесовме прекрасни спомени какви што понесовме од 3-тата конференција која што се одржа во Вашингтон во 2011 година. Како што сме информирани од Штабот на ОМД, учесниците на конференцијата во Скопје меѓу другите ќе ги поздрави и министерот за надворешни работи на Р. Македонија, г-динот Никола Поповски.

Колку за потсетување на читателите, на 3-та конференција во Вашингтон во 2011 година, македонската делегација од Австралија ја сочинуваа следниве лица: Даме Крцоски, Роберт Пасквале, Цане Спасески (Перт), Ананија Ананиевски (Мелбурн), Здравко и Тони Јошески, Виктор Бивел и Иван Трпоски (Сиднеј).

Иван Трпоски

omd1
Делегати од Австралија учесници на конференцијата од ОМД во Вашингтон 2011 Ананија Ананиевски, Роберт Пасквале, Даме Крцоски, Иван Трпоски, Здравко и Тони Јошески, Цане Спасески со домаќините Мето Колоски и Љубица

omd2
Виктор Бивел и Иван Трпоски со наградите од ОМД во Вашингтон 2011 со Амбасадорката на РМ Љубица Аческа и Потпретседателот на ОМД Александар Митрески

omd3
Делегатите на ОМД лобираa во конгресменскиот Парламент во Вашингтон 2011


 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.