Среда, 29 Мај 2013   
Промоција на туристичките и бизнис поволности на Македонија во Стокхолм „Beyond the Balkans“

beyond-the-balkans

На покана на Executive Travel Club, во елитниот клуб The Lobbs во Стокхолм, амбасадорот Кире Илиоски во име на Р.Македонија и сите земји од Балканскиот регион, се обрати пред педесетина шведски тур оператори и новинари од специјализирани магазини за патување, презентирајќи ги туристичките потенцијали на Балканот, со фокус на Р.Македонија.

Според амбасадорот Кире Илиоски, ,,осебно задоволство е да се презентираат туристичките и бизнис потенцијали на Р.Македонија и Балканот, нагласувајќи дека  Скандинавските земји претставуваат приоритет за Р.Македонија и во таа насока се и бројните активности што Амбасадата и Владата на Р.Македонија ги преземаат во насока на зголемување на бројот на скандинавски туристи и инвестиции, што наиде на голем интерес и беше поздравено од присутните. Во таа насока и лично ќе го предводи Фам патувањето на петнаесетина најголеми шведски тур оператори и новинари во Р.Македонија,,.

“Беше задоволство да се биде домаќин на Македонија во нашиот Executive Travel Club и идејата на амбасадорот Илиоски да се претстави заеднички регионот во присуство на амбасадорите од соседните Балкански земји е брилијантна. Преку обраќањето и инвестиционите поволности што се нудат, успешно беше пренесена пораката за добредојде до членовите на овој особено значаен клуб и веќе добивме барања за организирање на прес патување во Македонија и регионот”-истакна Gisle Dueland, регионален маркетинг менаџер Turkish Airlines за Скандинавските земји.

Според Natasha J. Flodin, генерален директор на The Travel Collection, значително е  зголемен интересот за Р.Македонија и токму сега е моментот да се донесе светот во убавата Македонија.

Присутните на настанот имаа можност да го вкусат македонското вино од вианрската визба Тиквеш и турските специјалитети.

Во организација на Амбасадата на Р.Македонија во Стокхолм и Turkish Airlines, беше организирана лотарија и беше доделена награда пакет аранжман за двајца во хотел Инекс Горица на преубавото Охридско Езеро и авионски превоз на релација Стокхолм-Скопје со Turkish Airlines.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.