Среда, 05 Јуни 2013   
Македонската заедница и македонската православна црква во Торонто, Канада

makedonska-zaednica-kanada-1

Македонската заедница во Торонто, под покровителство на македонската  црква  и македонското  патриотско радио Обединета Македонија, во организација на Зоран Карапанчев, Драгица и Мицко Димовски организираа циклус предавања за јакнење на националната свест, идентитет и ширење на вистината за Македонија. Во македонската православна црка Св. Климент Охридски-Торонто, почна серијалот предавања и беседења за Македонија. Честа прва да ги започне беседите за Македонија и припаднаа на Симона Ковалаковски-политолог и новинар, некогашен  новинар во МТВ и уредник во ТВ Сонце. Ковалаковски на мошне инвентивен начин со интеракција на присутните отвори многу прашања поврзани за културата, идентитетот , политиката и  постоењето на Македонија во  античко време. Споредувајки повеке домашни и меѓународни извори таа истакна дека образованието има клучна улога во  јакнењето на националната свест и градењето стратегија за силен идентитет.

makedonska-zaednica-kanada-2

-Никој нема апсолутно право и екслузивност врз придобивките на една цивилизација и  култура. Ако тргнеме и од приказната за Александар Македонски јасно го препознаваме тоа гледиште. Самиот тој создавајки империја на братски народи не наметнувајќи уникатна култура , напротив сметал дека културата е посебност која се почитува, не се наметнува, ами се збогатува низ влијанијата на останатите култури. Неговата визија очигледно на современ начин може да се прочита и  во создавањето и делувањето на ЕУ денес.

Колку повеке учиме за Македонија, толку повеќе стануваме свесни за сопствениот идентитет, национална свест и значението на културнто наследство. Оттаму, истакнува Ковалаковски, предвидени се серија предавања и беседи за Македонија во античкиот период, среден век, Византија, во  османлискиот период, меѓу двете светски војни и современиот период.

makedonska-zaednica-kanada-3

Канада е мултикултурна и мултиетничка земја во која се почитува сечиј интегритет, идентитет и култура. Прекрасен модел во кој се почитуваат сите религии и каде навистина се чувствува дијалогот меѓу религиите и културите. Овде секој има извонредна можност да го реализира својот сон. Да го добие вистинското место според едукацијата, афинитетите и квалификациите.

makedonska-zaednica-kanada-4

-Бев пресреќна кога влегов во црквата Св. Климент која беше полна како око. Македонците во Канада се свесни за својот идентитет и корени . Тие со себе ги носеа и своите деца и своите внуци кои црквата ја доживуваат како матица која ги обединува и место каде бликаат извори за нашето постоење. Мост со нашите најблиски, со Македонија!

Во овој серијал предвидени се предавања за византиските браќа Кирил и Методиј, Св Климент , охридската книжевна школа, значење  на иконите и нивна заштита, современи културни дејци итн.

makedonska-zaednica-kanada-5

Користејќи ги контактите и своето медиумско искуство Симона Ковалаковски се труди преку предавањата и електронските медиуми да ја шири вистината за Македонија.

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.