Среда, 19 Јуни 2013   
Во Велехрад- Чешка, изложба на македонски ракописи

velehrad1

Низ звуците од Златоустовата литургија и со благослов од Архиепископот Г.Г. Стефан и Папата Франсис и со претставници на Католичката црква во Велехрад- Чешката, изложбата македонски ракописи ја отвори амбасадорот на Р. М. во Чешката Република Паскал Стојчески.

Изложбата Manuscripta Glagolitica содржи експонати на глаголично и кирилично писмо, вклучувајќи и репродукции на вредни ракописи од Македонија, денес во збирките на НУБ Св. Климент Охридски и други библиотеки во светот и ќе биде отворена до крајот на месец јуни.

velehrad2

За проектот и македонското ко- партнерство во прославувањето на јубилејот зборуваше Гоче Мирчевски, претседател на Македонската заедница во Чешка, а за мисиите на светите браќа Кирил и Методиј со посебна нагласка на првата - Брегалничката мисија говореше амбасадорот Мартин Треневски, истражувач и голем почитувач на солунските браќа.

Треневски посебно се задржа на сознанијата во голем број житија за светите Кирил и Методиј дека првото словенско писмо - глаголицата и првите црковни книги на старомакедонски односно старословенски јазик се напишани за потребите на Македонците во Струмичко - Брегалничката област.

velehrad3

Истиот ден попладнето во епископскиот центар Оломоуц се одржа голем собир на Македонците - деца бегалци од егејскиот дел на Македонија кои  ги одбележаа трите годишнини:

110 години од Илинденското востание ,

100 години од поделбите на Македонија и Букурешкиот договор и

65 години од егзодусот на Македонците од Беломорска Македонија.

velehrad4

velehrad5


Димитри КИРЈАКОВСКИ


15. јуни 2013, Велехрад Чешка

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.