|
|
Александра Настеска е еден од добитниците на награда на 25 најистакнати емингранти |
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство објавува дека нашата преставничка за Монтреал, Александра Настеска, активист за зачувување на животната средина е еден од добитниците на наградата топ 25 емигранти во Канада за 2013, чиишто добитници ги бираат граѓаните, ги слави непознатите успешни приказни на најистакнатите емигранти. Настеска е првата Македонка која ја добила оваа престижна награда. „Чест ми е и привилегирана сум да бидам еден од овие топ 25 канадски емигранти. Навистина сум изненадена и мошне возбудена да ја споделам оваа вест со моето семејство и пријатели. Да се биде победник, рамо до рамо со извонредни луѓе кои оствариле огромен придонес за Канада, како на пример професорот и автор на книгата „Јас нема да мразам“, д-р Изелдин Абјулеш, номиниран за Нобелова награда, НБА кошаркарската ѕвезда Стив Неш и судијата Мајкл Тулок помеѓу другите, ви дава огромно чувство на успех“, изјави Настеска. „Се надевам дека оваа победа ќе придонесе кон зголемување на видливоста на Македонците во Канада и воедно ќе ја демонстрира нашата способност и посветеност кон понатамошно унапредување на Канада во земја која ги почитува и слави различностите". На Настеска, која беше една од 600-те номинирани и една од 75-те финалисити, наградата и` беше врачена во четвртокот на церемонија во Торонто, водена од страна на Нил Коксал, познат новинар и водител на канадски вести. На настанот беа присутни и претставници на ОМД од Канада, како и канадско-македонските медиуми. Помеѓу останатите добитници на наградата за оваа година се и Стив Гупта, хотелиер и хуманитарец, Мамдух Шукри, претседателот на универзитетот во Јорк и д-р Индира Самаресекера, претседател и про-ректор на универзитетот во Алберта. Признанието се доделува за значајни и инспиративни достигнувања на канадски имигранти од цела Канада. |