Среда, 03 Јули 2013   
Конгресменот Марлин Статзман стана член на конгресната група за Македонија

meto-kolovski

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со гордост го објавува најновиот член на конгресната група на пријатели на Македонија и Американците со македонско потекло - конгресменот Марлин Статзман (републиканец од Индијана). Тој го претставува третото гласачко тело на Индијана и е втор конгресмен од оваа соединета држава кој и се приклучил на македонската кауза.

Конресменот Статзман, избран за Конгресот во 2010, е член на финансискиот комитет на Конгрес и предводник на Републиканците од Индијана во Претставничкиот дом.  Конгресменот Статзмане член на поткомисијата за финансиски институции и потрошувачки кредити, како ина поткомисијата за монетарна политика и трговија. Пред да биде избран за Конгресот, Статзман служел во претставничкиот дом (2002-2008) и државниот сенат (2008-2010) на Индијана. Кога за првпат го избрале на 26 годишна возраст, тој, до 2006, бил најмладиот служебник во законодавството на соединетата држава Индијана.

"Ми преставуваше огромно задоволство да го запознаам конгресменот Статзман и лично му се заблагодарам за неговата поддршка на македонско-американска заедница во Форт Вејн, Индија, како и за потегот да стане член на македонската кауза," изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Форт Венј, Индијана, е дом на една од најстарите македонско-американски заедници во САД која започнала да емигрира уште пред еден век. Претходната година, Форт Вејн беше домаќин на 91-та конвенција на Македонската патриотска организација, а во исто време е дом на најстариот континуирано печатен македонски весник во светот, Macedonian Tribune, основан во 1927, како и на македонски музеј.

Заедницата воглавно се собира во црквата Св. Никола која била основана од Американците со македонско потекло, по завршувањето на Првата светска војна. Во ноември оваа година, таа ќе биде домаќин на 43-от годишен македонски бал во чест на културното наследство од нејзините основачи.

"Марлин Статзман е човек со длабока верба, човек кој високо го почитува семејството и ја сака слободата. Семејството, вербата и слободата се преоритети кои го дефинираат," рече Тимоти Гоеглин, горд Американец со македонско потекло, роден во Форт Вејн, специјален асистент на американскиот претседател Џорџ Буш и заменик директор на канцеларијата за врски во Белата куќа од 2001 до 2008.

"Форт Вејн се гордее со повеќе од 100 години богата македонска историја. Овде спаѓаат  советници на американските претседатели, градоначалници, доктори, професори, судии, бизнисмени, адвокати, како и други луѓе кои заедно ги претставуваат сите аспекти на нашето американско општество," изјави претставникот на ОМД за Индијана, Арџи Н. Белио. "Зачленувањето на конгресменот Статзман во конгресната група за Македонија е само природно очекуван чекор кој го зацврстува нашето партнерство и покажува почит за придонесот на македонските Американци кон нашата заедница во целина."

Конгресната група за Македонија функционира како орган за одржување и зацврстување на позитивната и обострано корисна врска помеѓу САД и Македонија.

Како глас на македонските Американци во Вашингтон, ОМД со нетрпение очекува да ја продолжи соработката со сите членови на конгресната група за Македонија, со цел понатамошно зацврстување на македонско- американските односи. ОМД ги охрабрува сите Американци со македонско потекло да ги контактираат своите претставници во Конгресот и да ги замолат да и се придружат на Конгресната група за Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.