|
|
Честитка до новиот македонски министер за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф |
Американскиот сенатор Марк Кирк од државата Илиној му испрати писмо честитка до новиот македонски министер за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф. Во писмото се вели: Почитуван Џери, Честитки за Вашето недамнешно назначување за нов македонски министер за привлекување на директни стански инвестиции. Вашите неуморни напори во полза на американско-македонската заедница се навистина за пофалба и Вашите деловни способности Ве чинат идеално соодветни за оваа позиција. Сигурен сум дека спремно ќе им одговорите на предизвиците и дека успешно ќе ја извршувате вашата нова функција во склоп на владиниот кабинет. Воедно, сакам да Ви се заблагодарам и за Вашата функција во мојот советодавен одбор за Европа, и покрај тоа што ќе ни недостига Вашиот придонес. Искрено се надевам дека преку Вашата работа со Премиерот Никола Груевски, Македонија и Соединетите Американски Држави ќе бидат во можност и понатаму да ги зацврстуваат нивните билатерлани односи. Повторно, Ви посакувам сè најдобро во вашите идни стремежи се вели во писмото од Сенаторот Марк Кирк. Со Почит, Марк Кирк |