Среда, 07 Август 2013   
Апел до македонската дијаспора во Швајцарија

Flag-Pins-Macedonia-SwitzerlandВеќе 22 години Република Македонија е изложена на притисоци и уцени од страна на јужниот сосед. И покрај пресудата на Меѓународниот Суд на правдата во Хаг, како и позитивните извештаи од страна на Европската комисија, Грција продолжува и натаму да ги попречува евроатланските интеграции на нашата татковина.

Вешто избегнувајќи ги преговорите за разрешување на спорот со името, кој е наметнат како услов за евроатланските интеграции, таа ја спречува Македонија да стане рамноправна членка на ЕУ и НАТО, а со тоа предизвикува непоправливи штети по економскиот развој на земјата и безбедноста на Македонија.

Денес кога Македонија се наоѓа пред нови предизвици и провокации од разни структури како надворешни така и внатрешни, кои имаат за цел да го разбијат македонското единство, потребно е збивање на редовите на сите Македонци како во земјата така и во странство. Дојде време кога треба да се искористат сите потенцијали и со заеднички став да се крене гласот на Македонецот за конечно решавање на македонското прашање.

Свесни за значењето на мигот, на сто годишнината од Букурешкиот договор, на 10 август 2013 од Женева ќе се отпочне со иницијативата „МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ“, чија основна цел е признавање на Македонија под уставното име во Швајцарија.

Меѓутоа, за да се постигне главната цел, потребно е оваа иницијатива преку мрежата на македонската дијаспора во Швајцарија да се прошири во Европа. Така од пасивен набљудувач македонската дијаспора во ЕУ ќе стане активен учесник во постигнувањето на целите на македонскиот народ како што е зачувување на името и идентитетот, интегрирање во ЕУ и НАТО, а со тоа и зачувување на македонската држава како наша татковина.

За да можеме да ги постигнеме зададените цели апелираме до сите Македонци во Швајцарија, без разлика на политички, верски или други определби да бидат единствени и масовно да ги поддржат следните активности:

1. Собирајње на 10 000 потписи во Швајцарија

2. Собирање на податоци за бројот на Македонци во Швајцарија (факти, статистика)

3. Активности преку кои ќе се докаже дека постои македонска дијаспора во Швајцарија.

DEJAN AЏIJOSKI - ШVAJCARIJA

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.