|
|
Свечености по повод Илинден во Перт |
Македонските Обединети Организации во Перт, Австралија организираа чествување на нашиот македонски национален и верски празник Илинден. Во македонските православни цркви беа одржани богослужби и панихиди за паднатите борци и беа положени свежи цвеќина од страна на претставници на македонските организации пред ликот на нашиот великан Гоце Делчев во црквата Св. Никола. Главната свеченост се одржа пред бистата на паднатите борци на Кингс Парк, а продолжи со претставниците РСЛ пред голем број на наши сонародници од сите делови на Македонија, со развиорени македонски знамиња. Панихида за паднатите борци отслужија отец Веско Каранфиловски и отец Станко Јовановски. Венци и свежи цвеќиња од името на Македонските Обединети Организации положија, г-нот Горданчо Мирчевски и г-нот Гоце Силјановски, претставници на Парламентот на Западна Австралија, претставници на Федералниот Парламент, претставници на локалните парламенти. За значењето и важноста на најголемиот македонски национален и верски празник Илинден пред присутните се обратија г-нот Гоце Силјановски и г-ѓа Анѓела Велевска. Меѓу другото беше истакнато дека ние Македонците макотрпно се бориме за докажување на посебноста на македонскиот народ, јазик, култура и дека и ден денес имаме таков предизвик. И дека ние како македонска заедница во Австралија треба да се пронајдеме како добро организирана заедница во австралиското општество. Потоа во М.Н.О. Вардар беше организирана пригодна свеченост по повод националниот празник Илинден со пригоден говор на претседателот Благојче Глигуровски и со поставување на венци и свежо цвеќе пред бистата на нашиот идеолог и великан Гоце Делчев од страна на претставници на македонските организации. Претходниот ден (сабота вечер) беше одржана забавна игранка во М.Н.О. Вардар, со говори за важноста и значењето на нашиот голем национален и верски празник Илинден. |