И оваа година, како и минатите, Македонците од Торонто и околните градови се собраа пред Собранието на Онтарио, во “Квинс Парк”, цереминијално да го кренат македонското знаме во чест на 22 годишнината од суверена, самостојна и независнa Република Македонија. Многубројните посетители беа поздравени од Генералниот Конзул на Република Македонија, господинот Драган Ѓурчевски, како и од претседателот на Обединети Македонци, господинот Мирче Шмарганов. Писма со честитки за овој голем ден испратија Премиерот на Онтарио, госпоѓата Катлин Вин и Градоначелникот на Торонто, господинот Роб Форд. Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” и оваа година обезбеди бесплатен автобусkи превоз за сите Македонци кои сакаа да присуствуваат на оваа свеченост, а веднаш потоа во просториите на црквата организираше и свечен ручек од страна на пензионерското друштво “Гоце Делчев”.
На 7 септември, Пензионерското Друштво “Гоце Делчев”, кое припаѓа на Македонската Православна Црква, го организираше традицоналниот свечен банкет по повод 8-ми септември, денот на независноста на Република Македонија.
Зоран Карапанчев |