Среда, 11 Септември 2013   
Втор јавен повик за проектни апликации за 2013 година

agencija-za-iselenistvo

До сите иселенички организации

Втор јавен повик за проектни апликации за 2013 година

Јавниот повик трае до 20 септември 2013 година.

Агенција за иселеништво на Република Македонија

Министерството за надворешни работи, преку Секторот за следење на националните приоритети на Република Македонија, објавува втор јавен повик за поднесување на проектни апликации наменет за правните и физичките лица од редовите на македонските национални малцинства од Југоисточна Европа и дијаспората од Република Македонија со цел реализирање на проекти во интерес на споменатите целни групи.

За таа цел, молиме да ги информирате релевантните организации на општествено дејствување и здружување на Македонците и дијаспората, дека утврдениот рок за аплицирање трае до 20 септември 2013 година, а предлог проектите пристигнати по овој рок нема да се разгледуваат. Предлог проектите се доставуваат до Министерството за надворешни работи - Сектор за следење на националните приоритети преку амбасадите и конзулатите на Република Македонија во странство или директно преку електронска пошта.

Притоа потенцираме дека согласно внатрешниот Правилник на Министерство за надворешни работи за утврдување на постапката за доделување на проектни средства наменети за потребите на Македонското национално малцинство (МНМ) и македонската дијаспора, специјална Комисија формирана со решение на Министерот за надворешни работи најдоцна до 1 октомври 2013 год. ќе изготви решение за распределба на проектните средства. При одлучувањето за тоа кои проекти и во која мерка ќе бидат поддржани од страна на Министерството за надворешни работи, споменатата Комисија ќе се води од Приоритетите во однос на финансиската поддршка на иницијативите на МНМ и дијаспората, а најголемо внимание ќе биде посветено на предлог - проекти кои се однесуваат на:

- зајакнување на ефективната врска помеѓу Македонците кои не живеат во Република Македонија, како и на начините за нивна инклузија во македонското општество;

- зачувување и промоција на македонскиот јазик, традиција и култура;

- отворање на културни центри.

Подносителите на предлог - проектите за кои нема да бидат одобрени проектни средства од страна на Комисијата имаат право да поднесат приговор до Министерството за надворешни работи во рок од 8 дена од официјалното известување за истото од страна на надлежното ДКП или директно од страна на Министерството за надворешни работи.

Форматот на проектната пријава, како и Приоритетите во однос на финансиската поддршка на иницијативите на МНМ и дијаспората се поставени и можат да се преземат на веб - страната на МНР: www.mfa.gov.mk мени: надворешна политика, под - мени: дијаспора, или преку следниот линк:

http://mfa.gov.mk/sites/default/files/Dijaspora-dokumenti/Proektna-prijava.doc

Државен секретар, Владо Мисајловски
Изработил: С Д. Зероски / НО Д. Тасев
Контролирал: Пом. Дир. Б.Ѓоргев
Одобрил: Дир. Г. Атанасова Ѓоревска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.