|
|
Бети Коруновска конечно меѓу колегите - дипломати |
Топол пречек за Македонскиот генерален Конзул, од конзуларниот Кор во МелбурнНа работниот ручек, организиран од Конзуларниот Кор во Мелбурн, кој го сочинуваат 47 Генерални и Почесни Конзули од цел свет, кој се одржа во The Australian Club, во центарот на Мелбурн, пред сите присутни беше претставен Генералниот Конзул на Република Македонија за Австралија, Г-ѓа Бети Коруновска, од страна на најстариот член на Конзуларниот Кор Г-дин Карлос Переира, Почесен Конзул на Португалија. Сите претставници на своите држави, и посакаа добредојде на Конзулот Коруновска, со желби за успешна работа и надеж за идна соработка. Она што пријатно изненади во оваа работна средба, е претставувањето на Конзулот како претставник од Македонија, а Референцата која вообичаено се користи на официјални настани не беше употребена во ниеден момент. Сите работни материјали, листата за присуство, како и Беџот за идентификација за време на средбата го носеа името МАКЕДОНИЈА. Можеби оваа официјална средба ке донесе влијание од страна на Конзуларниот Кор до своите земји кои до сега не ја признале Република Македонија тоа да го сторат во блиска иднина и со тоа ке имаме и некоја инвестиција. Останува времето да го покаже тоа дека сега на потег е точно Бети Коруновска. Превземено од: Фаланга |