Среда, 02 Октомври 2013   
Европа не врши доволен притисок врз Грција

Stipe-MesicЌе поддржиме секое решение кое и` оди во прилог на Македонија.

Без да се здружат сите држави од ЈИ Европа во ЕУ, Унијата би била инвалидна, изјави поранешниот претседател на Република Хрватска Степан Месиќ при посетата на Охрид.

- Ние не смееме да тргнуваме од тоа дека Хрватска сега е во ЕУ и треба да соработува само со неа. Мораме и натаму да соработуваме и нашата цел треба да биде влез на сите држави од ЈИЕ во Европската унија.

Кога Унијата мора да се здружи заедно со сите овие држави, со нашето соседство, дури тогаш Европа ќе биде голем светски играч. Без тоа таа ќе биде инвалидна, нагласи Месиќ.

Според Месиќ, Европската унија е најелитниот политички  клуб во светот и за да се влезе во него, како што додаде, треба да се исполнат одредени услови.

- Јасно е дека и ЕУ не е совршена и мора да реши некои  свои институционални проблеми за да може да функционира, но несреќа е тоа што се здружува во време на светска криза. Тоа ќе се преброди бидејќи европското здружување нема алтернатива и сите земји од ЈИЕ мора да влезат во Унијата, додаде поранешниот хрватски претседател.

За новинарско прашање за евро-интегрирање на Република Македонија, тој потсети на проблемот што го има Македонија со соседна Грција.

- Од македонска страна, прашањето за јазикот и за името на државата е длабоко национално прашање. Од друга страна, за истата работа постои Грција за која тоа е едно политичко прашање кое треба да се реши на политички начин.

Тоа нема никакво влијание врз животот во Грција. Од грчката страна нема доволно разбирање, а мене ми се чини дека не постои и доволен притисок на Европа врз Грција за да се забрза решавањето на македонско-грчкиот спор, подвлече Месиќ при посетата на Охрид каде што оствари протоколарна средба со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

Превземено од: Македонски глас- Хрватска

(В. М.)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.