Сиот приход од овој банкет, вклучувајќи ги и добровилните донации и лотеријата, ќе бидат донирани за децата на бранителите кои загинаа во војната 2001 г.
Македонската организација од канадскиот град Торонто "Macedonian Children Relief Fund" го организира својот традиционален годишен банкет на 19 Октомври во македонската православна црква "Св. Климент Охридски". Сиот приход од овој банкет, вклучувајќи ги и добровилните донации и лотеријата, ќе бидат донирани за децата на бранителите кои загинаа во војната 2001 година во Македонија, за домот на доенчиња во Битола, како и за децата со специфични недостатоци од детската болница во Скопје. Оваа година специјална гостинка на банкетот ќе биде младата Ангела Манојлова, ќерка на паднат борец.
Македонската хуманитарна организација "Macedonian Children Relief Fund" од Торонто постои од 2001 година и до сега има собрано и испратено во Македонија 200.000 канадски долари.
Известува: Зоран Карапанчев |