Среда, 16 Октомври 2013   
Денови на Македонската култура во Лондон

denovi-na-makedonskata-kultura-vo-london-1Од 9-ти до 15-ти октомври 2013 година во организација на Асоцијацијата на Македонците во Обединетото Кралство (АМУК), за прв пат се организираше манифестацијата “Денови на Македонската Култура во Лондон”.

Целта на оваа манифестација беше:

-       Зајакнување на македонската заедница во Обединетото Кралство преку културни настани;

-       Запознавање и приближување на помладите генерации до државата од каде потекнуваат нивните родители;

-       Претставување на македонската фолклорна традиција преку песни, ора, носии и инструменти пред британската јавност и другите националности кој живеат во Лондон;

-       Дегустација на македонското вино и храна.

За постигнување на овие цели беа организирани работилници и часови по фолклор  за деца и возрасни од Македонија кои долго време се надвор од родната земја и живеат во Лондон се’ со цел барем за момент да се доближат до своето македоснко културно наследство како и часови за странци (односно Workshops (работилници)) кои со особено задоволство се јавија на огласот за учење македонски фолклор.

Исто така во рамките на деновите на макеоднската култура беше  организиран пазар на македонска храна и вино, а главниот настан на манифестација беше  Гала концертот на кој со целовечерен концерт настапи  Културно Уметничкото Друштво „ДРИМКОЛ“ од Вевчани.

Главниот настан во рамките на „Деновите на Македонската култура во Лондон“ на кој со целовечерен концерт настапи Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани се одржа на 12-ти октомври 2013 во отмениот хотел на Royal Over-Seas League - Princess Alexandra Hall.

Оваа манифестација во Лондон беше поддржана од Министерството за Култура на Р. Македонија, преку реализирање на проектот од меѓународна размена за 2013 година и амбасадорот на Р. Македонија во Лондон, г-динот Јован Донев.

Бона Петроска

Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

denovi-na-makedonskata-kultura-vo-london-2

denovi-na-makedonskata-kultura-vo-london-3

denovi-na-makedonskata-kultura-vo-london-4

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.