|
|
Одбележан 11 Октомври во Перт |
По повод „11 Октомври“ денот на народното востание на македонскиот народ во неделата (13 октомври 2013 година)во Перт во Македонскиот Културен Центар „Илинден“ беше организирана богата културна програма. На почетокот на прославата Претседателот на Македонскиот Културен Центар „Илинден“ г-нот Васко Шобески ги поздрави присутните гости и објасни за значењето на „11 Октомври“, а свештеникот на МПЦ-ОА отец Веско Каранфилоски одржа панихида за сите кои ги положија своите животи пред олтарот за слободата на Македонија. Откако беа интонирани македонската и австралиската химна, реферат за значењето на „11 Октомври“ поднесе секретарот г-нот Трајче Трајковски, кој меѓу другото потенцира дека одбележувајќи го денот на Македонското Револуционерно Востание од 11 октомври 1941 година ние се потсетуваме на еден од многуте драматични периоди низ кои врвел македонскиот народ во борбата за своја суверена и независна држава Македонија. Најмладиот учесник на оваа културна програма беше Томи Трајковски кој изведе рецитал на борбени македонски револуционерни песни, а присутните гости го поздравија со голем аплауз. Љубовта на неговите родители кон татковината го натерала Томи на својата десетгодишна возраст да се вљуби во револуционерните песни. Венци и свежо цвеќе положија претставници на Македонската Општина за Западна Австралија, претставници на МПЦО Св. Никола, претставници на МКЦ Илинден, Задграничниот Комитетот на ВМРО-ДПМНЕ, претставници на женската секција при МКЦ Илинден, Ромската Општина како и преживеаните борци од Втората Светска Војна г-нот Ристо и г-нот Јане Трпин од селото Бапчор- Егејска Македонија, учесници во крвавите борби на Грамос и Вичо Планина.
|