Среда, 23 Октомври 2013   
Дело за големиот македонски бизнисмен

dzordz-atanasovskiНа 20-ти октомври 2013 година во Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто се одржа промоција на монографијата „Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски“. Автор на оваа значајна дело е публицистот Славе Николовски - Катин. Таа е издание на книгоиздателството „Македонска искра“, во соработка со списанието „Македонско сонце“ и ТВ „Сонце“ од Скопје.

Ова значајно дело беше промовирано во рамките на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ кое е во состав на црквата „Св. Климент Охридски“. Во присуство на голем број иселеници промоцијата ја отвори Маја Доневска-Ивановска, претседател на Литературнотo Друштво „Браќа Миладиновци“, а за монографијата зборуваше Менде Бакаловски, претседател на МПЦ „Св. Климент Охридски“ од Торонто.

Во неговото излагање, меѓу другото, тoј истакна:

„Монографијата „Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски“ од познатиот и признат публицист Славе Николовски- Катин, претставува осврт за ликот и делото на овој познат и признат Македонец.

Книгата е изблик на силната љубов на патриотот и големиот бизнисмен Атанасоски од САД кон родната земја - Македонија. Делото е свидетелство на убавиот збор и откривање на животот и постигнувањата на овој доблесен и голем патриот во македонската дијаспора.

Исто така, господинот Бакаловски истакна дека авторот на ова големо дело, Славе Катин е познат на македонската и меѓународната културна и научна јавност со своите 45 публицистички дела, потоа по новинарските и научните трудови  кои се посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со културата, литературата, јазикот, журналистиката, историјата, науката и религијата.

Инаку, бизнисменот Џорџ Атанасоски е исклучително значајна, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора и во Македонија. Иако подолго време живее во Флорида, од своето заминување до денес, тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија. Тој е еден од најуспешните македонски бизнисмени во САД и во светот, за што е добитник на бројни награди, меѓу кои на највисокото американско општествено признание „Елис ајланд“.

Монографијата за Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е значајна и по многу нешта единствено двојазично дело (на македонски и на англиски јазик) која содржи 460 страници во боја и претставува огледало за ликот и делото за големиот македонски бизнисмен. Со тоа авторот на монографијата Славе Катин успеа да го овековечи овој познат и признат Македонец, за кого со право се вели дека нему му припаѓа заслуженото високо место во градењето пријателски, бизнис и други мостови меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија.

Ристо Стефов, Торонто
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.