|
|
Успешен банкет на „Macedonian Children Relief Fund” |
Македонската организација “Macedonian Children Relief Fund” од канадскиот град Торонто и оваа година успешно го организира својот традиционален годишен банкет кој овој пат се одржа на 19 октомври во македонската православна црква Св. Климент Охридски. Годинава на банкетот дојдоа околу 300 Македонци, а сиот приход, вклучувајќи ги и доброволните донации и лотаријата до крајот на годинава ќе бидат донирани за децата на паднатите бранители од војната во 2001 година, за домот на доенчиња во Битола, како и за децата со специфични недостатоци во детската болница во Скопје. До сега оваа македонска хуманитарна организација од дијаспората има испратено во Македонија 200.000 долари. Почнувајќи со овој банкет, организацијата почна да работи со подновено и подмладено раководство кое вети дека ќе ја интензивира и прошири својата работа за поголем бенефит на децата од Република Македонија. Зоран Карапанчев |