Среда, 06 Ноември 2013   
Преку цитати во медиумите препознајте ги клеветите против нашето име

janko-tomov
Јанко ТОМОВ

Македонските медиумски дневни изданија и интернет портали, во последно време отворено ги изнесуваат мислењата за итната потреба за признавање на уставното име на Македонија.Таквите мислења се изнесуваат и поубедливо, во вид на цитати на врвни поранешни лидери и функционери, на маѓународни тела, како ЕП, ЕУ, НАТО, САД и други држави од Европа, Америка и светот.

Од друга страна, спротивно на реалните потреби на Македонците и Република Македонија, во странските весници се сретнуваат и нереални, нехумани изјави од поедини лидери и членови на ЕУ и НАТО, за неприфаќање на предлозите на ЕП и на комесарот за пристап на членство во овие европски тела и институции. Изјавите кои водат кон укинување на Уставноста на Република Македонија, предлагајќи замена со туѓо име, кое води со главна цел на грчките шовинистички политичари и дипломати за укинување на македонскиот национален идентитет, јазик, историја, промена на уставното име и сл., како услов за прием во ЕУ и НАТО.

Во „Вечер“ на 16 октомври 2013, стои наслов: „Грчки пратеници: Како да бидеме солидарни кон Република Македонија, кога таква земја не постои“.

Овие грчки лаги ги имаат усвоено некои лидери на ЕУ, НАТО, САД, Велика Британија, Франција и Германија. Зошто? Затоа што така им годи. Тоа е нивно погрешно мислење, дека погрешно создадената држава Грција во 1820-те години од страна на нивните претци, сметајќи ги и тогашните наши “пријатели” од  тогашна Русија, е факт дека во тој југоисточен дел на Европа и Балканот, тие (поедини деца и внуци на окупаторски државници кои имаат денешни позиции во меѓународните тела, организации и институции) се’ уште сакаат да го негираат македонското постоење по секоја цена, во корист на окупаторите на Македонија и во нивна лична корист. Поддржувајќи ја Грција, сакаат да имаат војно, политичко и економско влијание над државите и народите на Медитеранот и Блискиот Исток.

Во „Утрински весник“ од 24 октомври 2013: пишува дека поранешниот амбасадор на Грција во Македонија, Александрос Малас, во интервјуто рекол дека Киро Глигоров повеќе направил за “вашата држава” отколку Александар Македонски (Александар Велики).

На прашање од новинарката Слободанка Јовановска до Малас: „Но, ни ставивте вета…“, одговорот бил: „Имате толку многу лидери, зошто ниту еден пат, аеродром, стадион или плоштад во вашата земја не се вика Киро Глигоров? Зар Александар Велики беше повеќе од корист за вашата земја од него“?

На ова само би рекол дека Киро Глигоров направи најголема штета за македонската националност и сувереност, измислувајќи дека ние денешните Македонци сме биле дојдени од зад Карпатите во 5-6 век. Изјавата на Александрос Малас тоа небитно го потврдува. Значи проколнатиот Киро, како Македонец се откажа од својот род во корист на најголемите противници на Македонците и Македонија, кои како врвни политичари – лидери, на соседните земји од републиката и на окупираните етнички делови на Македонија, имаат (повеќе од нив) Македонски корени! Киро Глигоров умре грешен и не се извини на македонскиот народ, а истото или слично проклетсво го прават и повеќето од неговите следбеници и Соросоиди, што ги чека иста клетва од народот.

Во „Нова Македонија“ од 29 октомври 2013, стои наслов: „ЕУ курсот на Македонија зависи од грчкото претседателство“? Еве го цитатот:

„Европскиот курс на Македонија е во рацете на грчкото претседателство со ЕУ, истакна литванскиот премиер Алгирдас Буткевичиус во одговор на пратеникот на „Независни Грци”, Мариас Нотис, пренесува МИА“.

Во Вилнус на 29 октомври при завршување на Пленарниот состанок на Конференцијата на парламентарни комисии за Европски прашања на парламентите од ЕУ, со земјите од Западен Балкан, се одредила наша лоша судбина од македонски непријатели, за понатамошно користење на фаталните за Македонија, политички критериуми од Копенхаген! Имено, литванскиот премиер Буткевичиус во таа прилика го поддржувал гркот Нотис, во попречување на членството на Република Македонија во ЕУ, за наредниот период на претседавање на Грција во ЕУ, што се однесува на проширувањето. Грчкиот пратеник во ЕУ, исто така изјавил дека на Конференција на комисиите на ЕУ во јуни 2013 година во Даблин, гласал против почеток на преговорите меѓу ЕУ и Скопје“. Еве еден цитат од него:

- Нашиот цврст став против иредентистичката политика на Скопје против нашата татковина вроди со плод. Сега е извесно дека европскиот курс на Скопје во целост зависи од Грција. Ова денеска го потврди и претседателот на ЕУ, премиерот на Литванија, Алгирдас Буткевичиус.

Во „Дневник“, на 30 октомври 2013 во статијата: „Грција и понатаму ги посакува Голема Бугарија и Голема Албанија“.

Тука пишува дека Адамантиос Василакис, грчки преговарач со посредникот на ОН, Метју Нимец, го дал предлогот за името на Република Македонија: “Славјанско-Албанска Македонија”! Во врска со овој предлог на Василакис, кој е истовремено грчки предлог, експертите велеле дека грчката теза за Македонија била се’ уште “Славомакедонија”. Според тоа се толкувало и како “Грчки предлог за федерализација на Македонија”. Понатаму се вели дека Грција сакала Македонија да ја види како држава, но со два целосно раздвоени ентитета со што удира на унитарноста на државата Република Македонија.

Исто така во „Дневник“ на 30 октомври, стои насловот: „Кацин: ЕУ е подготвена да го преземе процесот од Нимец“. Познатиот негатор на Македонизмот, Словенецот – европратеник во ЕУ Јелко Кацин, рекол дека: „Ние во Европска Унија сме подготвени да ја превземеме одговорноста од рацете на амбасадорот Нимец и да го водиме процесот“.Тешко на нас Македонците!

Јелко Кацин наводно бил во шок, заедно со Марија Елени Копа, кога го чуле предлогот на Василакис! Но, Кацин е “дванаесетти играч за Грција”, кој заборава дека тимот на Никола Груевски е многу појак од грчкиот, иако има помал број на играчи. Премиерот Груевски никогаш нема да потклекне на лицемерства и провокации, особено кога е во прашање уставното име на Македонија и македонскиот национален идентитет.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.