|
|
Иселеничка грамота - 2013 г. за поетесата Жаклина Михајлова – учителката |
Пишува: Перо Дамчевски- Коцин Жаклина Михајлова: „Од по жица“, Македонско литературно друштво „Григор Прличев“ - Сиднеј (Австралија), 2013 година Книгата „Од по жица“ од Жаклина Михајлова е двојазично издание, во кое се содржани вкупно 33 песни објавени на англиски и македонски јазик и поделени во три циклуси и тоа: „Живот“, „На Македонија“ и „Австралија - вечен непокор“. Годинава, поетското небо во Македонија го обележа оваа стихозбирка, првенче на авторката од Сиднеј, која инаку е извонреден активист, која доброволно работи во македонската заедница во Австралија од првиот ден кога стапна во неа. Годинава Жаклина Михајлова е добитник на наградата “Иселеничка грамота“, што ја доделува Матицата на иселеници на Македонија , за најдобра објавена книга од нашите иселеници во странство, токму за нејзината прва самостојна творечка објава - стихозбирката „Од по жица.“ Оваа стихозбирка, всушност е како водич за подигнување на чувствата, како дневна доза на позитивното размислување, како прирачник како да се сака татковината, како потсетник за смислата на нашето постоење. Топло ви ја препорачувам, а истата може да се купи преку Македонско литературно друштво „Григор Прличев“ – Сиднеј или преку Македонскиот Телефонски Именик – Mactel, каде што Жаклина Михајлова - Учителката е една од уредниците. Ние поетите посебно од Австралија и пошироко во Дијаспората на авторката на ова изванредно дело и` посакуваме во блиска иднина да не` изненади со нешто ново и во нејзин препознатлив стил. |