Среда, 11 Мај 2022   
Срдечна средба на двајца активни ветерани - од македонското движење во дијаспората

Јанко ТОМОВ

janko-i-mane-1

Во годината на одбележување на 100 годишнината од поделбата на Македонија, на 6 септември 2013 година, за прв пат се сретнавме со Мане Јаковлески, мој почитуван истомисленик за македонската кауза. Претходно закажаното видување со Мане во неговиот дом во Зубовце, Гостиварско, го остваривме во неговиот дом.

Средбата беше срдечна и пријателска, при што со разговор се запознавме од поблиску, малку за нашите семејства и сегашна активност во публикување на „Македонска нација“ и малку во поддржувањето на актуелната влада на Никола Груевски.

Славе и Нада Николовски не` одвезоа до домот на Мане, се задржаа кратко се задржаа и продолжија на пат за Охрид.

Славе и Нада се пријатели на мојот покоен брат Ѓеорги, кому Славе Катин му ја напиша монографијата „ТОМОВ“. Славе Катин е вреден автор на повеќе дела, книги, написи и сл., а е и пријателски расположен кон нас и секогаш спремен за да помогне, а Нада е позната како успешен Инспектор во образование на републиката и е автор на повеќе книги во врска со просветата.

Чистиот шарпланински воздух и вегетација, посебно во дворот на домот на Мане, полни со овошници, украсни дрвца и култивирана трева, сами по себе зборуваа за потребниот одмор на Мане, за концентрации и нови ангажмани.

Петходниот ден, Мане добил втор внук од синот и снаата –кумот се одлучил вториот внук на Мане да се вика Лука.

(Светски истражувачи тврдат дека Апостол Лука е по потекло Македонец..

Истражувањата покажале дека, Св. Лука не е роден во Антиохија, роден е во Македонија (иако тогаш во Антиохија претежно биле Македонци).

Според теоријата, Св. Лука е Македонецот кој го вика Св. Павле да дојде во Македонија.

Се смета дека Апостол Лука бил првиот кој ги насликал иконите на Исус Христос, Пресвета Богородица и на апостолите Петар и Павле.

Апостол Лука се смета за основоположник на христијанскиот иконопис).

Така, од пријатната вест до доцна во ноќта со група музичари, роднини и пријатели се славело во домот на Јаковлески, посебно во задниот двор, каде е летниковецот со столови и маси. Освен Мане, сите од семејството, тоа утро заминале да го донесат дома Лука- новороденчето. Нека му е живо и здраво, Господ здравје да му даде, а и повеќе внуци да дочека семејството Јаковлески.

Судбината, претходно наложи да се запознаеме со Мане преку обновеното списание “Македонска нација” на интернет, кое Мане Јаковлески како главен и одговорен уредник со своите соработници го обнови во 2009 година, а јас им се приклучив во почетокот на 2010 година. Мане ме постави за еден од уредниците на „Македонска нација“ за рубриката иселеници, каде се појавувам како редовен автор на национални, политички, историски дела  и статии со карактер од македонски човекови права и сл.

letnikovec-mane
Летниковецот во задниот двор на домот на Мане, каде се прославуваат семејните и пријателските свечености во летниот период

За Мане и за неговиот брат Гојко дознав од поедини пишувања од „Македонска нација“, од списанијата и весниците, како што ги ширеа поедини Македонци, како Крсто Цалев, роден во Дамбиља, Егејска Македонија, а живееше во Перт, Западна Австралија, во 1975 година. Подоцна во 80-те години од весникот „Македонија“ од Мелбурн, кој ја водеше Панко Стамкоски, потпретседател на Координативноиот совет за Австралија во 1990 година, во кој спаѓав и јас. Ито така и од „Глас на Македонците“, каде уредници беа Крсто Димитров-Јенчев, Ѓорги Чучков и Ангелко Вретовски, а јас во неколку броја имам публикувано национално-политички и историски статии, како лидер на ТНМРО на З.Австралија.

Најмногу информации за ДООМ, користев од написите во „Македонска нација“, од Миле Илиевски, кој живее во Малме, Шведска, а кој беше еден од најблиските соработници на Драган Богдановски, при основање на првите организации во дијаспората. Секако тука спаѓа и „Македонска нација“ под уредништво на Михаил Шариновски-Солунски, кој стана претседател на ДООМ од 1977 година, кога  Драган Богдановски беше киднапиран од УДБ-а и затвортен.

Мане е еден од организаторите на комитите од Македонија за исценираните напади на градот Крушево за време на Илинденските празници, каде со поворка на десетици комити на коњи јаваат од Манастирот Цвети Јован Бигорски до Крушево и по свеченостите назад во Гостивар.

http://www.mn.mk/aktuelno/8022-Ilindenskata-konjanica-marsira-Po-patot-na-Cresovoto-topce

dvor-mane-zubovce
Мане, Нада и Славе Николовски и Маргарет Томов

dvor-mane-zubovce-2
Прекрасен заден двор на семејството Јаковлески во с. Зубовце, Гостиварско

Јас во 1990 година од Перт, како член на Координациониот одбор на ДПМНЕ за Австралија и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, организирајќи, помагајќи и поттикнувајќи ги македонските иселеници за основање иницијативни одбори и основачки собранија на ограноци на ДПМНЕ (Задгранични комитети по државите на Австралиската Федерација), имав голем притисок од опозицијата, која се обидуваше да ги пречи скоро сите мои активности, заедно со моето членство. Во тоа време, дознав за поголемиот дел на македонското иселеништво во Австралија која политичка страна држи и зашто ги кочи подготовките за нови ограноци и активноста на веќе основаните.

Вложувањето драгоцено време за организацијата и нејзиниот просперитет, скапите телефонски разговори во Австралија и со членови на врвното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, како со Драган Богдановски, Борис Змејковски, Дијана Трнталовска и други, а недобивање никаква подршка и охрабрување, доведоа за мојата официјална неповратна оставка од ВМРО-ДПМНЕ. Врз тоа влијаеше и притисокот од мојата сопруга Нина, која исто така беше незваничен секретар и активист и која беше навредена поради непризнавање на нејзината драгоцена помош на движењето. Јас и понатаму продолжив да го поддржувам ВМРО-ДПМНЕ, се` до денешни дни.

Веднаш по мојата оставка, известувајќи ги сите од централата на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски, Панко Стамкоски и други мои пријатели од дијаспората, и основачот на оваа партија Драган Богдановски даде оставка, поради непочитување од дел од тогашното раководство на чело со Љубчо Георгиевски. Јас на неколку пати не ни сакав да зборувам со Георгиевски преку телефон, но ценејќи ја ВМРО-ДПМНЕ се спротивставував на сите напади, насочени кон неа. Така, некаде во 1996, кога Драган Богдановски во весникот „Македонија“ на Панко Станкоски од Мелбурн ја нападна централата на ВМРО-ДПМНЕ, јас го прекорив и му забележив на Драган дека треба да се стрпиме и да помагаме на ВМРО-ДПМНЕ во целост, а не само на поединци, за да ја сочуваме партијата која сме ја основале.

Горното го велам, бидејќи и Мане Јаковлески, а сигурно и други, кои сесрдно ја помагаа партијата, постојано увидуваа неправилности, кои не беа во можност да ги спречат. Но, подоцна увидоа и станаа најгласните противници на Љубчо Георгиевски и неговата компанија.

Денес сите сме среќни што го имаме Никола Груевски за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и убедени сме дека тоа што досега никој не го постигнал во историјата на ВМРО, на чело со Груевски ќе го постигнеме сите заедно, економски просперитетна Македонија и член во семејствата на ЕУ и НАТО.

На разделбата со Мане си посакавме почесто вакви средби, господ да ни даде здравје, и ВЕЧНА ДА НИ Е МАКЕДОНИЈА,

АМИН!

restoran-solun-gostivar
Мане Јаковлески
пред неговиот ресторант Солун во Гостивар

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.