|
|
Никола Поповски со бројната македонска комуна во Торонто |
Во рамките на својата официјална работна посетна на Канада, министерот Никола Поповски се сретна и со бројната македонска комуна во Торонто. Во вторникот, во негова чест, беше организиран свечена средба во македонската православна катедрална црква Св.Климент Охридски каде што министерот Поповски беше пречекан од 250 сонародници и претставници на бројни македонски организации во Канада.
Во своето обраќање, министерот Поповски информира за најновите збиднувања во меѓународната политика на Република Македонија и ги повика макeдонските иселеници што повеќе да се вклучат во економијата на Република Македонија со свои инвестиции и со помагање на меѓусебната економска соработка меѓу Канада и Македонија. На крајот, министерот Поповски им посвети посебно лично внимание на сите присутни во салата, разменувајќи со нив мислења и давајќи одговори на сите поставени прашања. Зоран Карапанчев |