Среда, 27 Ноември 2013   
Незаборавни моменти од свеченоста на Денот на независноста 2013 година (1 дел)

janko-tomov-den-na-nezavisnosta-1

Јанко ТОМОВ

Моето присаство на свеченоста за Денот на независноста 8 Септември 2013 година во МОБ во Скопје ми причини особено задоволство. Тоа задоволство, од моја страна, кое сакам да го прикажам, е со поука да се биде разумен и стрплив, пред да реагирате на одлуките на власта на републиката. Од друга страна пак за во иднина, од официјалните претставници на власта и опозицијата, да се има поголемо внимание и почитување, барем на познати македонски патриоти, кои го даваат своето драгоцено време за промоција на македонската кауза во дијаспората и пошироко во светот.

При осумдневниот престој во Македонија, при седумнеделните патувањата низ европските држави, со мојата супруга Маргарет која сестрано ми помага во моите публикаци и промоции од македонски историски карактер, ми причини големо задоволство. Мојот вложен труд во промоција на македонската кауза во последните 43 години, меѓу македонското иселеништво во дијаспората и Македонија, донекаде беше задоволително. Во тоа кратко време имавме можност да се сретнеме со драги и почитувани наши  пријатели, меѓу кои и мојот истомисленик и активен патриот, главен и одговорен уредник на „Македонска нација“, г-дин Мане Јаковлески.  Се слушнав со директорот на Агенцијата за иселеништво на Македонија, г-дин Васил  Наумов и поедини негови службеници. Го посетив вечниот дом и се поклонив на мојот соборец за македонската кауза и основач на ВМРО-ДПМНЕ, покојниот Драган Богдановски во Куманово. Го разгледавме и се восхитувавме на експонатите, восочните фигури, костумите и националните уметнички цртежи, слики и други национални вредности од македонски културно-историски карактер во Музејот на македонската борба во Скопје. Се сретнав со лидери од ВМРО-ДПМНЕ и власта на републиката за што досега немав таква можност.

Бидејки сум физички отсатен од животот во Скопје и Македонија со децении, иако сум скопјанец, Македонец, речиси не познавам лично никој од политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ или од опозицијата. Од друга страна, духовно сум присутен со Македонците и во Македонија, а тоа ми го овозможуваат македонските електронски медиуми, интернет и допишувањето со моите стотина читатели на статии од национален, политички и историски карактер.

За поканата за присаство на свеченоста на Денот на независноста изразувам благодарност до мојот пријател Мане Јаковлески, преку г-дин Александар Ѓорѓиев од Министерството за култура на Р. Македонија. Исто така сум му благодарен на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, г-дин Васил Наумов, кој лично ги предал примероците од моите историски книги на премиерот на РМ, г-дин Никола Груевски и претседателот на РМ, д-р Ѓеорге Иванов, кои не беа во можност да ме примат во нивните кабинети, поради актуелни државни обврски.

Пред влезот на МОБ имаше црвен тепих и беше подобро организаиран влезот, од предходната прослава во 2009 година. Времето беше топло и пријатно, а пред зградата имаше извесен број на граѓани, кои имаа прилика од близу да ги видат и поздрават позначајните посетители на свеченоста. Салата беше полна. На бината имаше повеќе од 30 инструменталисти, а во редовите над нив во 3 реда, беше хор со околу 60-тина пеачи, како и женски и машки оперски пеачи.

den-na-nezavisnosta-2
Изведба на фрагменти од опери на свечеоста на Денот на независноста 2013 година

Со најавување на делови од програмата, водителотна крајот го најави говорот на претседателот на РМ д-р Ѓеоге Иванов. Претседателот течно и убедливоподнесе реферат за значењето на Денот на независноста и значењето на соживотот на мултикултурното општество. Претседателот д-р Иванов се прикажа како голем говорник и претседател на сите граѓани на републиката. Во говорот д-р Иванов неколку пати потенцираше, дека владата на Република Македонија, со сите нејзини институци, кои му служат лојално на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, ќе го сочуваат македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската култура, македонската историја и македонската сувереност со уставното име на Македонија, а и понатаму ќе ги спроведуваат потребните реформи за прием во ЕУ и НАТО.

govor-gjorgje-ivanov
Говор на Претседателот на Р.Македонија, д-р Ѓорге Иванов за Денот на независноста 2013

После говорот на претседателот следуваше коктел каде присуствуваа повеќе од 100 посетители врвот на владата, собранието, министри, амбасадори и преставници на поедини институции на власта, кои се поздравуваа и си честитаа.

Јас и мојата сопруга најпрво се запознавме  со претседателот д-р Ѓеорге Иванов честитајќи си го празникот, а потоа малку поразговаравме при што посредоточив дека Македонците од дијаспората се добри, лојални, а во нивните срца и мисли е Македонија.  На моето прашање, дали ги добил моите историски книги, претседателот одговори потврдно. Ми беше драго, бидејќи пред неколку месеци му испратив писмо, дека  би сакал да оствариме средба за да му поклонам некои од моите античко-историски книги за битноста на Македонците и Македонија, во кои свој удел даваат и странски автори на историски дела. Фотографиите се успешни спомени, кои со задоволство ќе ме потсетуваат на средбите во Македонија со ценетото раководство на Република Македонија.

tomov-ivanov
Птретседателот на Република Македонија со Маргарет Томов од Бризбен Австралија, на Денот на независноста во МОБ, Скопје 2013 година

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.