Среда, 27 Ноември 2013   
Во Сиднеј – Австралија, подем на македонската култура

Иван Трпоски

Минатиот петок и сабота имавме можност да ги видиме двете последни престави на драмата „Борење со мечка“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу и Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Со тоа заврши нивната сезона за оваа година и како што бев информиран од Управата за почетокот на наредната година се најавува нова престава, а и можно гостување во Македонија.

podem1

На завршната престава се виде професионализмот на целата екипа која даде се од себе да ја задоволи публиката и да ги прикаже ликовите на начинот на кој ги замислил авторот. Пораките беа јасни но испреплетени во животите на две македонски семејства соочени со секојдневните здравствени и културни предизвици, сонови и очекувања и смртта како неизбежен предизвик во животот. Интересно беше што најмладата артистка Валери Пеовска која ја заменуваше Стефани Степановска успеа така спонтано да се вклопи во самата екипа и да донесе свежина во преставата. Бабата Велика, која ја играше Јаворка Котевска, со секое излегување на сцена беше пречекувана со воодушевување – нејзиниот карактер беше близок и мил. Тука беше и извонредната динамична сценска енергија што ја створија Ирена Вељанова, Васко Србиновски, брачниот пар Никола и Валентина Апостоловски, како и Владо Сазданов кој донесе комична свежина во преставата и „медицинскиот тим“ со Самоил Митревски и Мена Ристевска.

podem2

Со овие престави кои беа прикажани на англиски и македонски јазик како дел од програмата на Hurstville Discovery Festival, драмата „Борење со мечка“ беше земена како централен фокус на целиот фестивал, односно на Конференцијата - форумот за здравје и уметност (Arts and Health Forum) на кој зедоа учество врвни предавачи како Helen Zigmond, директор на Институтот за креативно здравје, која зборуваше за влијанието на уметноста врз здравјето и водечката улога што Австралија ја води во светот благодарение на иновативните програми на емигрантите; Dr Astrid Perry, директор на Мултикултурната служба за здравје која специфично зборуваше за драмите „Страв и срам“ и „Борење со мечка“ кои се вклучени и во програмите за обучување на здравствените работници и студенти; почесниот градоначалник на Хрствил Philip Sansom зборуваше за улогата локалните Влади што ја имаат во нудење на услови ваквите културни и здравствени програми да се развиваат. Двете престави беа отворени со Мултукултурниот хор Fiestaville, воглавно составен од Кинези и Индијци, со изведбата на македонската песна „Дојди моме на вечера“, интерпретирана на македонски, кинески и индијски. Покрај културната програма се промовира и македонската кујна преку мазници, зелници, ајвар и македонското вино.

podem3

Убаво е да се забележи дека драмата „Борење со мечка“ имаше седум изведби на македонски и три изведби на англиски јазик и можам слободно да нагласам дека не постои театар во дијаспората кој вака наизменично ги дава своите престави, а со тоа да се заклучи дека Австралиско македонскиот театар од Сиднеј е Амбасадор во промовирање на македонската култура во светот.

podem5

podem4

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.