|
|
Револт кај Македонците во Македонија и во дијаспората |
Пишува Никола Ставрески - Мелбурн Македонија раѓала и јунаци и душмани, јунаци имало и ке има и со нив се гордееме каде и да се`, но за душманите казните стигнувале поскоро или покасно. Еден од последните душмани за нас Македонската дијаспора е политичкиот шут Ивон Величковски, кој доволно не ја познава дијаспората и се престави како потрчко на нашиот јужен сосед со намера дека може да ги исполни нивите барања, но заборави дека од моментот на неговата изјава станува непријателски душман за век. Сакам да напоменам дека во дијапората скоро сите организации користат лого и амблем со лавот или сонцетот од Кутлеш, ќе наведам неколку за да може не само Ивон Величковски туку и сите неупатени да ја дознаете вистината: http://unitedmacedonians.org/, http://macedoniansinalbania.org/, http://www.macedonianhr.org.au/, http://www.narodnavolja.com/, http://www.ilindentirana.com/,http://www.omoilindenpirin.org/, http://www.ancientmacedonia.com/, http://www.makbiz.net/, http://www.macedonianhistory.ca/,http://www.makbiz.com.au/, www.falanga.com.au и уште стотици веб страни на Македонски фудбалски клубови, играорни групи итн. Скоро на сите македонски гробови во дијаспората е поставено сонцето од Кутлеш и со кој памет зборува Ивон Величковски зарем не е свесен дека со неговиот непромислен потег навредил илјадници Македонци? Денес поедници и преставници од Македонски организации од Македонската дијаспора реагираат бидејќи се навредени од Ивон Величковски и бараат под хитно да се укине Либералната Партија, затоа што е антимакедонски настроена од минатото кога лидер им беше Стојан Андов па се до денес. Македонците бараат средба на наша територија во Австралија пред се да ни гостува Ивон Величковски подетално тој да ни објасни зошто толку политички забегал а наше е да му објасниме како што му објаснивме во минатото на Мартин Треневски и Илинка Митрева кои лично верувам се алергични на Австралија. Исто така јавно ги повикуваме сите Македонци каде и да се` никогаш повеќе да не гласаат за оваа антимакедонска партија која не навреди во прв степен, ниту пак да гласаат за коалиција во која што оваа партија членува! Колку ке биде неказнет Ивон Величковски и Либералната Партија времето ке покаже. Извор: Агенција за ислеништво на Македонија - писма |