Среда, 04 Декември 2013   
Гордана Иваноска - ново ликовно лице во Грингила, Австралија

Неодамна во Австралија допатува брачната двојка Гордана и Гоце Иваноски. Тие своето судбоносно „ДА“ го кажаа пред матичните служби во Охрид, а истото треба да го кажат и пред свештеник во февруари идната година во црквата „Св. Димитрија Солунски“ во Волонгонг. Сопружниците Гордана и Гоце моментално се вселија во домот на родителите од Гоце, кај Зорка и Никола Иваноски во најмакедонската населба во Австралија, во Грингила, населба која се наоѓа во околината на градот Волонгонг.

По честитката упатена до младите и домаќините неизбежни се погледите кон ѕидовите на кои висат повеќе ликовни експонати, дела на младата ликовна уметничка, со кои сака да си ја намали носталгијата кон оставените убавини на својата родна Македонија. Таквата глетка ме премами да и` побарам неколку цртежи и краток биографски запис за поблиско запознавање со нашите читатели во Австралија и пошироко.

Гордана Темелкоска - Иваноска е родена на 9-ти мај 1984 година во Охрид, Македонија. Во 2009 година таа дипломира на Факултетот за туризам и општествени науки „Св. Климент Охридски“ во Охрид отсек Мениџмент по осигурување. Уште во основното училиште таа ги започнува нејзините ликовни чекори со сликање портрети, класични теми, мртва природа и пејсажи во акварел. Со свои дела учествувала и на неколку изложби во средното економско училиште „Мите Богоевски“ во Охрид, каде експериметира со неколку сликарски техники, но повеќе се задржува на сликање со масло на платно. Нејзините сеќавања уште од најрана младост се нераскинливо поврзани за исконските убавини на својата земја. А подоцна во нејзините дела оставаат свој печат и поклоничките патувања, од кои посебно ќе ја нагласи посетата на Манастирот Острог во Црна Гора. Инспирирана од богатата духовност, минато и култура на својот крај, таа не престанува да ги пренесува своите впечатоци на платно и по доаѓањето во Австралија, каде ќе го продолжи своето усовршување.

Да и` посакаме успех во иднина како на приватен план, така и во културното творечко поле, со кое се надеваме дека и македонската заедница ќе ја израдува.

Да спомнеме и тоа дека покрај фолк пејачката Јованка Житарова, ликовнава уметничка Гордана Иваноска, на Волино ќе му биде втора снашка од културно творечки профил.

Иван ТРПОСКИ

gordana-i-goce-ivanovski
Гордана и Гоце Иваноски со гостите од Сиднеј Иван и Нада – Грингила 12.10.2013 год.

manastir-ostrog
Манастирот Острог – 2013 год.

manastir-sv-naum-ohrid
Манастирот Св. Наум, Охрид – 2013 год.

ohridska-arhitektura
Охридска архитектура – Охрид 2013 год.

ohrid-samoilova-tvrdina
Охрид со Самоиловите тврдини – 2013 год.


 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.