Среда, 04 Декември 2013   
Незаборавни моменти од свеченоста на Денот на независноста 2013 година (2 дел)

nezavisnot2013-1

Јанко ТОМОВ

По говорот на претседателот д-р Ѓеорге Иванов на свеченоста за Денот на независноста која се одржа во Македонска Опера и Балет (МОБ) во Скопје, сите се упатија кон холот каде имаше коктел и каде се среќаваа и поздравуваа видни личности од политичкиот и општествениот живот од Македонија и нивни гости и познаници. Откако остваривме средба со Претседателот д-р Ѓеорге Иванов, јас и мојата сопруга Маргарет се упативме кон Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски.

Премиерот Груевски беше опколен со повеќе гости. Со почитуваниот премиер Никола Груевски отпочнавме мала конверзација, со ракување и честитање за Денот на независноста. Покрај моето лично преставување ја преставив мојата ценета супруга Маргарет, дека сме од Австралија на посета на Република Македонија. При тоа премиерот не` праша како сме ние Македонците во Австралија, на што му одговорив дека и ние го чувствуваме и славиме овој празник како наш. Премиерот г-дин Груевски, запознавајќи се со мојата супруга, пријателски и со насмеано лице, дозволи таа да не` фотографира.

nezavisnot2013-2
Премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски се запознава со Јанко Томов (во позадина лево)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и воедно Премиер на владата на Република Македонија, кој на Парламентарните избори во 2006 година победи и во коалиција со ДУИ ја поведе републиката во прогрес кој ниту една досегашна влада го нема ниту од близу остварено. За правилната политика од национален, економски и државен карактер, премиерот г-дин Никола Груевски е награден од народот. Како способен државник по трет пат ги освојува симпатиите на македонскиот народ и на последните вонредни Парламентарни избори во Република Македонија, како во републиката така и од дијаспората,а тоа е награда и за способноста на сите негови соработници. Посебните значајни остварувања на Премиерот Груевски, се во спроведувањето на реформите предложени од ЕУ, за кои секоја година заслужено Македонија добива позитивни оценки и препораки за Пристапни преговори со ЕУ. Исто така, досега се позитивни препораките и за членство во НАТО. Посебни напори Премиерот прави во дипломатската борба за зачувување на Уставното име на Македонија, за што цело патриотското иселеништво потполно го поддржува и му заблагодарува.

nezavisnot2013-3
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер г-дин Никола Груевски и Јанко Томов од Австралија, на прославата  на Денот на независноста на Р.М. 2013

Уште од мојата прва посета на Република Македонија во 2007 година, заедно со мојата супруга Маргарет, бевме примени во кабинетот на премиерот г-дин Никола Груевски од страна на неговите соработници кои ни укажаа гостопримство и се извинија поради неможноста за прием и уверување со добри желби, дека следниот пат премиерот ќе не прими. При нашата посета во 2009 година, премиерот Груевски беше зафатен од државнички задолженија, но затоа бевме примени од г-ѓа Силвана Бонева, координатор на Парламентарната владина група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ.

Повторна средба со г-ѓа Силвана Бонева остваривме и на оваа свеченост, во чија близина беше и Претседателот на Собранието на РМ г-дин Трајко Вељановски. Двајца јаки застапници на владата кои ја организираат активноста на Законодавниот дом на Македонија, се интересираа за нашето иселеништво за што накратко посредоточив, дека иселеништвото е лојално на матичната родна Република Македонија.

nezavisnot2013-4
Претседателот на Собранието на РМ г-дин Трајко Вељановски и Јанко Томов од Бризбен, Австралија

nezavisnot2013-5
Лидерката на Парламентарната група
на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ, г-ѓа  Силвана Бонева и Јанко Томов гостин од Австралија, 2013 година

Исто така посебно задоволство ни беше и запознавањето со Министрот за надворешни работи на РМ, г-дин Никола Попоски. Г-дин Попоски е интелигентна и преставителна млада македонска личност, како и другите лидери на владата и нејзините институции. Г-дин Попоски е перспективна личност, која со успех ја води македонската дипломатија, при што покрај ценетите манири при контакти и средби во своите активности, покрај англискиот се служи и со други светски јазици.

nezavisnot2013-6
Министерот за надворешни работи г-дин Никола Попоски и г-ѓа Маргарет Томов, на свеченоста на Денот на независноста 2013

nezavisnot2013-7
Г-дин Љубиша Георгиевски со супругата, во разговор со Јанко Томов од Австралија
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.