|
|
Нашиот млад балетан Марко Мицов во Њујорк, САД повторно бележи успеси |
Нашиот млад, надежен балетан Марко Мицов кој веќе трета година настапува во Њујорк, САД повторно бележи успеси. Мицов е дело од компанијата на Џелси Кркленд. Кркленд е легендарна балерина, беше примадона во турпата на Жорж Баланшин, негова муза. Играч кој со своите квалитети ги инсирирала и ги исполнувала главните улоги во балетите на Џером Робинс, Ентони Тјудор и др. Таа од 2010 основа своја едукативна академија и компанија која бележи исклучителен успех на балетската сцена во САД. Мицов во тековната сезона за прв пат успеа да добие можност за ангажман во оваа трупа. Тој иако сосем млад веќе го доби соло парче во класичната поставка на „Оревокршачка“ во кореографија на ко- уметнички директор , Мајкл Чернов. Во рецензијата посветена на претставата во референтниот The New York Times , критичарот ја издвојува и позитивно оценува имено играта на нашиот Марко Мицов кој настапи во рускиот танц. Не е мала работа за македонската култура, нашите млади уметници да просперираат на еден уметички пазар на труд каде има уметници буквално од целиот свет и каде конкуренцијата е исклучително голема. На прашањето за успехот, Мицов скромно вели „За се е потребна волја и желба. Поддршка од најблиските, како и добра школа. Јас сум бескрајно горд што едукацијата ја добив во МБУЦ „Илија Николовски Луј кај проф. Соња Здравкова Џепароска, и што мојата школа и техника се докажува дека е конкурентна и тука. Освен тоа потребна е и многу среќа и дадена можост“, Мицов беше две години стипендист на програма за едукација на САД . „Одлични педагози и репетитори кои ме водеа беспрекорно во процесот на подготовка на улогата, работна и продуктивна атмосфера. И ако сето тоа го имате, успехот е неминовен“. Останува да ги следиме следните чекори на Мицов и да се гордееме што имаме еден вака талентиран млад играч кој не претставува. |