Среда, 25 Декември 2013   
Баргала – Ново поетско издание во Сиднеј

Новини од Македонската заедница во Сиднеј - НЈВ

pero-kocin
Пишува: Перо Дамчевски Коцин

Деновиве од Македонија покрај големиот број нашинци кои ја посетија нашата родна земја, нашата татковина Република Македонија се врати и нашиот познат драмски режисер, а сега и поет Јорде Петровски кој живее и работи во Сиднеј, НЈВ.

Низ подолгиот разговор со него тој не` запозна за неговото поетско остварување, збирката поезија Баргала кое е негово прво поетско дело. А за издавач на оваа збирка поезија се појавува Агенцијата за иселеништво на Република Македонија каде книгата беше печатена.

За оние читатели пошироко во Австралија кои недоволно или малку го познаваат Јорде Петровски овде посебно ќе нагласам дека тој не е непознатa личност меѓу Македонците, туку напротив тој е доста познат меѓу нашинците повеќе како драмски режисер во еден подолг период поточно од формирањето на Австралиско-македонски драмски театар во Сиднеј од 1994 година. За неговиот вложен труд на културно поле во Заедницата и пошироко бил наградуван во повеќе наврати и тоа; Признаница од општината Рокдаел, Парламентот на НЈВ, две номинации за големата награда Македонско златно сонце кое секоја година го доделува Македонскиот телефонски именик и други вредни награди.

Баргала оваа дебитантска збирка поезија на авторот содржи триесетина песни и изобилува со песни посветени на татковината на фамилијата, родителите, внуците на родното село Аргулица кое го напуштил уште на петгодишна воздраст, за љубовта за децата за внуците... Поезијата во оваа збирка Аргулица не е дело на посложени и поимагитативни игри на асоцијации и симболи. Авторот овде се служи со скромниот и едноставниот поетски речник на печалбарот кој е толку далеку, но и толку блиску со душата и срцето до татковината.

„Исклучително важно во песните на Јорде Петровски е пеењето од срце и душа, пеењето за љубовта кон татковината и нејзините знаменитости, а речиси во сите песни од збирката се препознава типичната печалбарска носталгија кон родината. Јасен и лесно спознатлив е неговиот отворен и оригинален поетски идентитет. Петровски ни подарува нови стихови низ кои согледуваме веќе согледани нешта, но и нешта кои ги среќаваме за прв пат“. Ќе рече во предговорот на оваа збирка поезија писателот Борче Орешански.
Ова најнова збирка поезија им ја препорачувам на сите љубители на книгата посебно љубителите на поезијата да ја прочитаат, а таа наскоро ќе може да се најде и во библиотеката „Григор Прличев“ во Сиднеј или лично кај авторот Јорде Петровски.

МАКЕДОНИЈА

Македонија вечна,
во збор и во мисла. 
Низ векови името изговарано,
дење и ноќе неминливо,
не менливо,
чиниш проколнато,
чинам благословено...

Создателот нејзин пак, истурил
на сите четири страни
во неа
божја убавина.
Во нејзините реки и планини,
Во нејзините езера и манастири
и во нејзините срца
македонски-
кротки, библиски...

bargala

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.