Во пресрет на Новата година, но и секако поради големите прослави на католичкиот Божик во Австралија, илјадници македонски семејства се упатија на манастирското место на Св. Прохор Пчински во Донибрук. Тука секоја година на 25 декември се одржува традиционалниот пикник на кој Македонците имаат можност да се дружат, да се видат со своите роднини и пријатели. Оваа година според официјалните информации ова место беше посетено од 4000 посетители. Масовен собир на Македонци од сите генерации кои во една убава празнична и релаксирана атмосфера, песна оро и убави македонски јадења му даваат посебен белег на се` она што е македонско, празниците, верата, традицијата...
|