|
|
Со дефиле во дијаспората за одбрана на името и идентитетот |
Македонското иселеништво кое вистински тешко и болно ги чувствува последиците од непризнавањето на македонскиот идентитет и уставното име на Македонија, имаат право достојно да реагираат во своите средини. Особено кога е во прашање македонскиот идентитет и промена на уставното име на Македонија, предизвикано од страна на ЕУ и НАТО, непризнаено од Австралија и од дволичната политика на САД, во која предничи нивната поддршка на шовинистичката и донекаде фашистичка влада на Грција. Во законите на тие демократски држави каде живее македонската емиграција, дозволено е и може секој јавно да го искаже своето мислење и да учествува на мирни културни дефилеа, претходно писмено побарани, а и усвоени од локалните власти. Дали конечно нашето иселеништвото ќе собере храброст во своите локални средини да организира со пароли и транспаренти да продефелираат низ улиците каде што се движат Mакедонците? Дали сме заинтересирани за својот национален опстанок? Одговорот едноставно ќе го покажеме ако се организираме, со цел да ја ублажиме нашата болка за непризнавањето на македонското битие и со тоа да се подготвиме за нови предизвици! Што е дефиле? Дефиле е всушност мирен марш или поворка на група луѓе, кои сакаат да ја искажат својата поддршка или несогласување со политиките кон државата во која живеат во однос на својата матична држава од која потекнуваат, пред своите сограѓани, политичари, дипломати и членови на Парламентите за кого и го даваат својот глас на изборите. Уште од втората половина на 1980-те години од минатиот век, пред осамостојувањето на Република Македонија, храбрите и лојални Македонци од иселеништвото одржаа десетина големи демонстрации пред грчките, бугарските и југословенските амбасади и конзулати во Австралија (беа опфатени сите метрополи на државите на Австралиската федерација). Една од демонстранциите беше првото дефиле на македонската емиграција од Перт и Западна Австралија во Кингс Парк, кое стана традиционално. На овие дефилеа се полагаа венци и свежо цвеќе во чест на паднатите борци Македонци од Првиот Илинден во 1903 година и Вториот Илинден во 1944 година. Дефилеата беа пропратени со пригодна програма и со учество на државна воена гарда на владата на Западна Австралија. Дефилеата се одржуваа од Парламентот на Западна Австралија кој е на почетокот на Кингс Парк, по улицата долга неколку стотина метри се’ до споменикот на паднатите борци на Австралија во минатите регионални и светски војни.
Дефилета треба да бидат поедноставни за да може да успее идејата, за да бидат помасовни и почести на сите континенти, каде живее патриотското македонско иселеништво. Во групата за Дефиле, треба да има учесници, пароли и евентуално транспаренти, со куси и содржајни натписи за интересите на Македонците и на Македонија, за признавање на уставното име на Македонија и дозвола за пристапни преговори за членство во ЕУ и НАТО. Да се прикаже приврзаноста на Американскиот, Канадскиот, Австралискиот и народите од Европа, првенствено како браќа и пријатели, а и со роднински врски преку мешани бракови на Македонци и припадници на тие демократски народи. Да се прикаже и приврзаноста кон добрите политички партии на тие земји, кои ја признаваат Република Македонија со нејзиниот устав, а со тоа и македонскиот идентитет и придавката “Македонски” и сл. Понатаму, да се прикаже извесна одвратност со цел неприфаќање на навреди во блага форма, кон сите тие кои не не’ признаваат и тие кои водат дволична и недемократска политика према Македонците и Македонија. Особено тие држави кои се прават глуви на провокациите на шовинистичките и фашистички групи и политички партии во нивните сојузници Грција и Бугарија, наменети кон македонскиот народ, Поедини сугестивни потреби за оргацизирање на дефилеата. Првенствено да се одржи состанок на групата на која да се избере раководство со задолженија во кои би спаѓале: Претставник за контакт со медијата или со други информативни средства. Потоа, да се одреди одговорен за изготвување на неколку пароли или транспаренти. Да се одредат носители на тие пароли. Да се изберат неколку членови за безбедност, кои треба да поднесат и писмено барање до локалната полициска станица, каде ќе се одржува дефилето. Дефилето треба да биде одржано таму каде има повеќе минувачи, а препорачано е да биде и до мало паркче или поголемо место за паркирање. Одговорниот за дефилето да одржи кус говор пред насобраниот народ или народ кој поминува во нивна близина. Сето тоа одење по улицата или местото каде нема сообраќај, треба да трае 20-40 минути. Учесници на дефилето можат да користат и македонска национална облека, музика, државното знаме на Р.М., актуелните знамиња на Австралија (САД, Канада или на државата во Европа, каде се одржува дефилето) и секако античкото знаме на Македонија (шеснаесеткракото македонско сонце од Кутлеш) и по некој портрет, ако има, од Александар Трети Македонски, Гоце Делчев, Ченто и други видни македонски легендарни Македонци. Еден од одговорните да биде поврзан со управата на својата Македонска заедница или национална политичка организација за поддршка и агитирање кај останатите мали организирани македонски субјекти или групи во истата држава каде отпочнува дефилето. Секој македонски патриот, македонски иселеник и пријател на Македонците, може организирано, без провокации и без погрдни зборови да учествува на дефилето, за истото да се одржи како што е предвидено. По одржувањето на дефилето, треба да се поднесе писмен извештај, евентуално со фотографии од дефилето до најблиската Македонска заедница или до е-маилот на предлагачот на овие редови, со цел да се публикува во медиумите и сл. информативни средства. Владата или нејзините институции на републиката, немаат никаква улога во организирање и учествување на дефилета од политички причини, како и досега. Но, не значи дека тие нема да го ценат овој драгоцен глас на македонското иселеништво, напротив тоа ќе биде адут во нивните раце, кој ќе служи успешно во одбрана на Македонското битие и сувереност. Закажувањето на Дефилето треба да биде најмалку една недела (7 дена) или повеќе денови порано, поради, како што реков, пријавување во полиција, разгласување преку македонските радио програми и договарања при социјални средби, спортски натпревари, при посета на цркви и манастири и сл. Ако ние од дијаспората не се појавиме на дефилеа, тоа за нашите противниците значи дека не постоиме и дека немаме свој глас, а тоа би бил доказ за нашата кукавичност и неспособност да го браниме нашиот македонски идентитет. Така и нашите Македонци од етничките делови на Македонија, каде се следи секој нивни чекор и каде владите на Бугарија и Грција вршат закани и малтретирање врз нив, кои реплесалии посебно се наменети за барање македонски човекови и национални права. Исто така во Република Македонија нема доволно услови за дефилеа, бидејќи има и анимакедонски невладини организации, поддржувани материјално и духовно од видни поединци и држави, со цел менување на македонскиот идентитет и уставното име на Македонија. Од друга страна тие неколку невладини организации на републиката, немаат меѓусебна соработка и со тоа авторитет за организирање на поефикасни дефилеа, пред странските претставништва и таму каде треба. Тоа пак не оди во прилог на актуелната влада на Република Македонија и со тоа на македонскиот народ и сувереност, бидејќи и внатре во републиката има безевредни Македонци кои не заслужуваат да бидат Македонци. Таквите ги има по македонски политички партии од повеќе националности, кои се во опозиција на актуелната власт, на кои им е сеедно дали ќе ги нарекуваат Бугари, Срби, Албанци или Грци! Со таквите политички партии, актуелната влада на Премиерот Груевски и претседателот Иванов имаат големи потешкотии и препки на секој чекор, при што сите негативности се одраз и на одлуките на лидерите на ЕУ, НАТО и големите сили, било за полноправно членство или поволна соработка на сите полиња. Познато ни е дека тие големи сили вршат притисок со нефер методи, кои удираат по и така кревкиот животен стандард на Македонците и на граѓаните на Република Македонија. |