|
|
Да се поддржи иницијативата - предлогот за името до Советот за безбедност на ОН |
Предлог иницијативата за барање на Република Македонија до Советот за безбедност на ОН, за спроведување на Хашката пресуда против Грција во 2011 година, треба сестрано да се поддржи. Оваа иницијатива е од страна на претседателот на републиката д-р Ѓеорге Иванов, изразена неодамна откако Европската Комисија се изјасни негативно за пристапните преговори за членство во ЕУ во декември 2013 година. Најбрзо треба да се организира дипломатска група на владата на Република Македонија, под водство на Министерството за надворешни работи. Итноста е важна од многу аспекти, а првенствено за да се зачува македонскиот идентитет и да се спречи дистабилизацијата на Република Македонија. Меѓу останатите негативности е и да се спречи наездата на албанските нереални анти-македонски-дрски барања, кои го оптеретуваат буџетот на републиката, кое може да прерасне во економска нестабилност. Исто така да се спречат насилствата од страна на албанскиот блок, поттикнати од Охридскиот-рамковен договор и поддржувани од САД и НАТО, кои допринесуваат за дестабилизација на Република Македонија. За потсетување ќе спомнам некои реагирања од страна на македонските медиуми во деновите во очекување на извештај од Европскиот Парламент. 30 октомври 2013, наслов во Нова Македонија: „Рамковните вработувања го силуваат административниот систем“. Во оваа статија пишува дека секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, распишува бланко-конкурси за вработување на Албанци во државните служби- „Секоја година мора да се вработат по 400 граѓани од малцинствата“. Понатаму стои дека, вработени граѓани (Албанци м.з) седеле дома (невработени), чекајќи трансвер во некои државни институции, додека не се создаделе работни места! Ова е еден од нереалните начини за заштитниците на Рамковниот договор, со кој се создава неквалитетен вишок на државни службеници, кои ја загрозуваат економијата на Република Македонија... Кога се мисли и кога се работи за било какви преговори со Грција и Бугарија, што се однесува за македонскиот народ, уставното име, историјата, културата, традициите и сл., во било која врска, која произлегува за нашето име и “добрососедски односи” наметнати од ЕУ, тие треба веднаш да престанат. Престанокот треба да биде драстично изразен, како желба на сите Македонци во Македонија и во светот. За таа цел, владата на РМ треба да достави барање, паралелно со тоа на Советот за Безбедност на ОН, овој пат до Генералното Собрание на ОН, за да се признае Република Македонија, со нејзиното уставно име. Тоа е желба на целото иселеништво, невладини организации во Македонија и дијаспората како и поголемиот дел на жителите на Република Македонија. Со поднесувањето на барањата до ОН, сите ќе бидеме начисто, бидејќи постојат многу негативности кои се во завршна фаза, за кои наскоро ќе биде доцна да се заштитат, со кои грчките и бугарските шовинисти ја докрајчуваат асимилацијата на Македонците во Северна Грција и Бугарија. Како еден од фактите е и изјавата на Евгенија Нацулиду, претставник на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) во Република Грција и активист за човекови права на Македонците во Егејска Македонија (СевернаГрција), при што, за информативото списание изјавила: „Македонскиот јазик е загрозен во Грција“. Нацулиду била загрижена за грчкото негирање за користење на македонскиот јазик кај Македонците. Загриженоста се прелеа од Грција во Европската Унија, со нејзиното учество на семинар во Даблин пред десетина дена, на кој заседавале претставници на мрежата за промоција на јазична разновидност, каде се избришал македонскиот јазик!? Што поскоро треба да се даде поддршка на изјавата на Претседателот Иванов, Советот за безбедност на ОН, еднаш за секогаш, позитивно да го реши овој наметнат пробем со името на Македонија и нејзините права, според меѓународното право, а во врска со привремената спогодба со Грција. |