Среда, 22 Јануари 2014   
Македонците во Албанија го прославија Водици

Православниот празник Водици беше прославен насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.

vodici-vo-pustec-2

Во Мала Преспа традиционално сите села го фрлаат крстот во Преспанското Езеро. Ниту студеното време ниту пак, уште постудената вода не ги спречи повеќето  верници да скокнат во водите на Преспанското Езеро.

На церемонијата на фрлањето на крстот во Пустец присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана, Стојан Карајанов.

Од утро, Македонците традиционално се собираат во селските цркви, и после литургијата а според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон реките во Голо Брдо или во Преспанското езеро во Мала Преспа каде се фрла крстот.

Меѓу Македонците во Албанија обичај е оној што ќе го фати крстот, во придружба на група, ги посетуваат семејствата, кои даваат пари на групата.

Откако крстот ќе ги обиколи сите куќи во секое село во Мала Преспа, Врбник или Голо Брдо, се враќа во селската црквата, каде што останува до следната година.

Се верува дека оној што ќе го фати крстот од езеро или река на Водици ќе има среќа цела година.

vodici-vo-pustec-1

Водици во Мала Преспа се празнува два дена. Првиот ден 19-ти јануари, се фрла крстот, а вториот ден 20-ти јануари, се оди на Рефене. Поголема група составена од повеке семејства го сочинуваат Рефенето, односно кај кој е крстот кај него се оди на прослава, односно Рефене. Во Македонија ова традиција позаната е како кумство. Во Мала Преспа секоја група има свој крст. Тој што го има крстот, кај него се оди фамилијарно на прослава или Рефене. Тој го чува крстот една година, од едни до други Водици, што значи за тоа време го има кумството. После крстот го превзема друга фамилија и кај таа фамилија се оди следната година на прослава, и така крстот кружи и од големината на групата може за неколку години крстот да се врати во една куќа.

На 19 јануари, рано наутро на знакот од камбаната сите крстови се носат во црквата. Секој со себе носи котле со вода и во него крстот што и припаѓа на таа група. Секој крст се врзува со босилок, каде попот ги пее сите крстови заедно, и со тоа ја осветува (крштева) водата. Со овој чин, оваа вода добива профилактичка моќ, со неа во текот на денот се прска низ куќата, шталата, и другите простории и има цел да ги избрка сите лошотии.

(Македониум)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.