Среда, 22 Јануари 2014   
ОМД реагира на најновата резолуција на Европскиот Парламент

omdОбединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува резолуцијата на Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент предводена од Ричард Ховит, во која повторно се препорачува Македонија да ги започне преговорите за пристап во ЕУ.

"Европскиот Парламент досега неколку пати им напомена на Европската Комисија и Советот дека Македонија веќе ги исполнува Копенхашките критериуми, но во последно време се повеќе наидуваме на дополнителни услови за започнување на преговорите," изјави Филип Алтипармаковски, новоназначениот директор на ОМД за Европа.

Алтипармаковски истакнува дека добрососедските односи не треба да бидат еден од главните услови за започнување на преговори со ЕУ, затоа што тие прашања можат да се решаваат паралелно со преговорите.  ОМД ја поддржува препораката на Европскиот Парламент и Комисија дека преговорите треба да започнат со отворање на поглавјата за правда, демократија и човекови права, затоа што тоа се реалните услови за прием во ЕУ.

Спротивно на тврдењата во некои од македонските медиуми, комитетот предводен од Ховит не бара воведување двојазичност во Македонија, туку воведување на интегрирано образование.

Алтипармаковски додава дека ОМД се надева дека македонскиот јазик ќе биде главен јазик во наставата по воведувањето на интегрираното образование.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.