|
|
Македонците учесници на Парадата по повод денот на Австралија |
Советот на Македонската Заедница заедно со Конзулот на Република Македонија во Мелбурн добро ја извршија својата задача на Парадата. Денес се слави денот на Австралија 26 јануари на сите места во Австралија, Македонците зедоа учество на Парадата во Мелбурн - парада која ја гледаа над 2 милиони луѓе пред малите екрани.Македонците оваа година организирани од страна на Конзулатот на Република Македонија, Советот на Македонската Заедница за Мелбурн и Викторија и медиумскиот покровител „Фаланга“. На самиот почеток говор одржаа Премиерот на Викторија Др. Денис Наптин, говор одржа и Гувернерот на Викторија г-дин Алекс Чернов. Во официјалната VIP ложа пред Опшинската зграда во Мелбурн (Town Hall) беше Генералниот Конзул на Република Македонија во Мелбурн - Бети Коруновска. Пред самото започнување на церемонјалниот дел, Конзуларнио Кор во кој беше и Бети Коруновска имаа прием со утрински чај со политичкиот врв на државата, а VIP Парадата заврши со закуска во придружба на Гувернерот, Лорд Мајорот, Премиерот и челниците на армијата, морнарицата и полицијата на Викторија. Ова година во официјалниот говор кога се преставуваше секој учесник бевме повикани и јавно преставени пред целиот политички и државен врв како Македонци од Македонската заедница од Мелбурн - Викторија и Австралија. Напред колоната од Македонската заедница ја преставуваа Светскиот шампион во Карате - Пеце Наумовски кој го носеше транспарентот - Совет од Македонска Заедница за Мелбурн и Викторија. Советот на Македонската заедница за Мелбурн и Викторија го преставуваа членовите на советот на чело со Роберт Трајчески.Националното знаме го вееше Претседателот на Задграничниот Комитете н аВМРО ДПМНЕ од Мелбурн - Џими Котевски Маседон. Убава гледка, големо присуство на повеќе нации , добра организација, големо присуство на македонци меѓу публиката на кој достојно беше преставена македонската заедница во Мелбурн и Австралија. .Мултикутурата во Австралија дозволува секоја нација да ја преставува својата култура, така беше и оваа година.Уживајте во фотографиите од настанот овде... |