|
|
Македонски голобрдски фолклор |
Со многу внимание и голем интерес за зачување и пренесување на македонскиот фолклор и традиција од областа Голо Брдо, авторите Цветан Зафир Мазнику, Вита Блаже Која, Митре Стојан Шутку, Вело Цфарку напишаа и издадоа 6 тома со заеднички именител-Голобрдски Фолклор. Прв том: Пословици и поговорки на македонски јазик Втор том: Дове, клетви и гатанки Трет том: Македонски-Aлбански пословични паралели Четврти том: Пословици, поговорки, пословични и фразеолошки изрази
Петти том: Народни песни 1 Шести том: Народни песни 2 Сите изданија се подготвени и испечатени на македонски јазик кирилично писмо и македонски јазик со латинично писмо. Куса биографија на авторите: ЦветанЗафир Мазнику, роден на 1938 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија завршил во Драч. Во 1957 година почна да студира за рударство во Лениград, Руска Федерација. Вело Цфарку, роден на 1935 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, потоа и средно, како и Педагошки факултет. Во тек на 15 години работел како учител по селата во Голо Брдо. Вита Блаже Која, родена на 1957 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование завршила во родното село, а гимназија завршила во Тирана. Во 1980 година го завршила Економски факултет, додека од 1984 година работи како професор на Економскиот факултет во Тирана. Специјализирала на неколку универзитети во Македонија, Италија, Франција. Митре Стојан Шутку, роден на1948 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, а гимназија и факултет во Тирана. Во текот на 20 години работел како учител по селата во Голо Брдо, а 10 години како професор во Тирана. Авторите имаат значаен придонес за зачувување на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо. Овие книги ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија. Ариана Шутку |