|
|
„Вечна светлина над Македонија“ |
Гордана Димовска е една од уредниците на најпатриотското електронско списание “Македонска нација”, кое беше орган на ДООМ од 1971 година, а кое е обновено во 2009 година. Нова книга од Македонката Гордана Димовска од Мелбурн Книгата „Вечна светлина над Македонија“ е прва книга на Гордана Димовска, која живее во Мелбурн, Австралија. Книгата е објавена од “Св. Висарион” Република Македонија (едиција одблесоци на љубовта и мудроста-одбрани научни дела за Македонија). Авторката Димовска ги ангажирала следните редактори на книгата: Ивона Талевска, Стојанче Колески и Татјана Спировска. Компјутерската обработка е од Даниела Трајкоска, а рецензенти се: Вангело Лозановски, Љубица Чифлигароска и Ленче Николовска. Многу атрактивната насловна и задна корица е во изработка на Пецо Лукановски. Гордана Димовска се појавува како ко-автор во 2012, на книгата „Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица”, а за првпат, нејзините песни и раскази, се објавени во книгата „Од љубов со љубов за Македонија“, во 2011 година. Димовска пишува есеи, новинарски прилози кои семасовно прифатени и објавувани во МРТВ, „Курир“, „Народна воља“, Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, потоа во весниците„Денес”, а исто така и во „Австралиско-македонскиот неделник“ од Мелбурн, Австралија. Гордана Димовска е една од уредниците на најпатриотското интернет списание „Македонска нација“, кое беше орган на ДООМ од 1971 година, а кое е обновено во 2009 година. Гордана за МН пишува статии со кои ја поттикнува свеста за зачувување на македонскиот јазик, македонското име и почит кон македонската историја. Во нејзините написи, пред се` од национален карактер, секогаш се и со додатоци на известувањата за активноста во Македонската заедница на Викторија, Австралија, специјално за нега и за изучување на македонскиот јазик, по образовните секции- уцилиштата и асоцијациите, потоа за љубовта кон својата родна Македонија и гордоста за својата македонска припадност. Гордана, како Македонка, посветена на Македонизмот, е личност достојна за пример и за Македонките во иселеништвото. Гордана, не само што од патриотски побуди ги дава своите сознанија за светлите македонски битности, особено од областа на културата, таа и лично се вклучува со преставување на теми и активности во заштита на Македонизмот, пред австралиската и светска јавност. Доказ за тоа е нејзиното ангажирање во организирање, спроведување и учество на поранешните демонстации, дефилеа,организирање на јавни настапи пред австралиското општество, со цел за зачувување на уставното име на Македонија. За книгата на Димовска, Пецо Лукановски ќе рече: „Потресна сторија. Литературно и уметнички обликувана и доловена,болката и судбината на многу Македонски семејства, во кои разделбата од најблиските оставила длабоки рани во нивните срца. Потрагата кон подобра егзистенција за семејството, истовремено е и лутање низ неизвесноста – ризик ко јсе прифаќа од мака и од болка“. Под насловот во книгата: Дела од срцето и душата со совест- МАКЕДОНИЈА Е НАШАТА ИДНИНА, на 5 страна, стои: „Испреплетен венец за родната земја, за славното историско минато, за подвизите на нашите свети предци, нивната храброст и пожртвуваност кои и нас денес длабоко не` инспирира. Нашето историско минато е неисцрпно и претставува поле на истражување на секоја генерација Македонци и на оние кои живееат во неа, и на Македонците од дијаспората . Тоа богато наследство нас не прави да се гордееме што сме Македонци. Бурното минато не` подучува како да се поврзе минатото, сегашноста и иднината. Во овие виорни години, ние Македонците треба да бидеме сплотени како никогаш досега. Треба да се почитуваме и толерираме и достојно да ја претставуваме Македонија, како земја – лулка на писменоста и земја која даде многу за човештвото…“ Со Гордана го делам мислењето:Искрените Македонци успешно и доследно работат за доброто на Македонија без разлика во кој дел од светот живеат, жртвувајќи се себеси и посветувајќи и` време. Еве кратка биографија за Гордана Стојчевска Димовска, која е родена во битолското село Оптичари. Основно училиште завршува во с. Бистрица, Битолско. Уште како ученичка во основното училиште Крсте Петков Мисирков, почнува да пишува литературни состави за што има добиено и награди од наставничкиот колегиум и учество во радио програма на Радио Битола. Од 1993 година живее и работи во Мелбурн, Австралија. Активно учествува во голем број на активности во Македонската заедница во Мелбурн меѓу кои Протестот во Мелбурн ‘Македонија, Македонци засекогаш‘ во 2008 година, Здружението за Јохан Тарчуловски, Учителско здружение за Викторија... Познати се нејзините волонтерски акивности како тутор во АМЕС, (училиште за англиски јазик за емигранти), секретар во македонското училиште за сценски уметности ‘Божилак‘, македонското училиште Гоце Делчев при Црквата Св. Пророк Илија, Футскрај, македонски радио програми како и во Македонската добротворна организација Св. Албанс. Димовска, со доаѓање во Австралија, е вработена во Викториското училиште за јазици,од каде предава Македонски јазик и каде заедно со наставничкиот колегиум припремаат училишни приредби, посветени на македонските национални празници и важни датуми од македонската историја. Срдечни честитки за нашата Гордана за публикуваната книга, која чека промотори низ Австралија во прво време и место во секој македонски дом. Јанко ТОМОВ |