|
|
Летна школа по македонски јазик |
Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво годинава ќе ја организира по седми пат, ќе се одржи во периодот од 4-10 август 2014 година. Сместувањето на учениците и одржувањето на наставата ќе биде во хотел во Охрид, а со конкретни информации околу сместувањето и цената ќе ве известиме во поблиска иднина. Агенцијата за иселеништво ќе ги сноси трошоците за наставниците кои ќе ја водат наставата. Превозот до Охрид ќе биде во организација на самите учесници (родителите). На Летната Школа учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција и без ограничување на возраста. Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво: e-mail: |