Среда, 19 Март 2014   
Македонците од Требиште, Голо Брдо добија асфалтен пат

 

Заврши асфалтирање на патот од граничниот премин Џепиште-Требиште до центарот на с.Требиште во должина од 4 км.

trebisteМакедонците од општина Требиште се задоволни од асфалтирањето на овој пат, бидејќи велат им се подобруваат условите за живот.

„Реконструкцијата на овој пат е од голем интерес за нас, бидејќи поради лошата економска состојба и лошата инфраструктура, одиме на пазар, по работа, трговија и лекување во Дебар, додека најблизок град на албанска страна ни е Пешкопеја, оддалечен 80 километри и дотаму нема асфалтиран пат“, велат за весникот „Македониум“ Македоците од Требиште.

Претходно, фирмата добитник на тендерот за асфалтирање на патот, граничен премин Џепиште-Требиште – центар на село Требиште, наиде на проблеми поради лошата состојба на патната инфраструктура во областа Голо Брдо и не асфалтираните патишта, кои не дозволуваа транспорт на градежни машини, опрема и товарни возила со градежен материјал неопходен за реконструкција и асфалтирање на патот. Единствен излез од ова ситуација беше градежните машини и товарните возила преку Ќафасан да влезат на македонска територија и преку граничниот премин Џепиште - Требиште повторно да влезат на албанска територија за да го реализираат тендерот.

trebiste-pat

За да им помогне на Македонците во Голо Брдо, а по барање на Генералниот директорат на царини на Република Албанија до македонската Царина, Владата на Република Македонија во октомври 2013 година донесе одлука за привременa промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште.

Царинската управа на Република Македонија ги презеде сите неопходни мерки за спроведување на царински надзор и контрола на Граничниот премин Џепиште-Требиште на машините, опремата, товарните возила и градежниот материјал неопходни за изградба на патот, сѐ додека траат градежните активности.

Инаку, граничниот премин, Џепиште-Требиште пуштен е во употреба во мај 2013 година, и е наменет за локален граничен сообраќај за луѓе и возила.

trebiste-pat-2

Во последните 20 години малку е инвестирано во регионот на Голо Брдо, патната инфраструктура е во многу лоша состојба, се уште нема асфалтирани патишта во внатрешноста на Голо Брдо која опфаќа три општини, Острени, Требиште и Стеблево населени претежно со македонско население.

Македониум
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.