|
|
Амбасадата на Република Македонија во Канбера објави ЈАВЕН ПОВИК за Парламентарни избори 2014 |
Податоци за видот на изборите за кои се гласа Се известуваат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство дека на 27.04.2014 година ќе се одржат Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. Повик за јавен увид во избирачкиот список и за пријавување за гласање Се повикуваат државјаните на Република Македонија во Австралија кои сакаат да го остварат своето избирачко право, да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на Дипломатскo-конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Австралија, Канбера на 25 Cobbadah street, O'MALLEY 2606, ACT; Мелбурн на Level 7/492 St. Kilda Rd, VIC 3004 во периодот од 16.03.2014 година до 30.03.2014 година. При увидот, се идентификуваат пред надлежното лице со важечка патна исправа издадена од надлежен орган на Република Македонија или важечка лична карта. Увидот може да се изврши и преку интернет на следната адреса: http://www.sec.mk Денот на започнувањето и завршувањето на пријавувањето за гласање Во периодот од 6 март – 30 март 2014 година, пријавата за гласање, своерачно потпишана, се доставува до Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Австралија, Канбера на 25 Cobbadah street, O'MALLEY 2606, ACT; Мелбурн на Level 7/492 St. Kilda Rd, VIC 3004 или се испраќа по електронска пошта на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите за државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година, во една од државите од изборната едниница 9 (Азија и Австралија) Потребните документи Во прилог на пријавата, задолжително се доставува скенирана копија од документи како доказ за престој во странство, и тоа: - Документ/Потврда или копија од документот за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци пред денот на одржувањето на изборите или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година или - Дозвола за престој или работа во странство, издадена од надлежен орган на соодветната држава. Појаснување кој може да гласа и каде ќе се спроведува гласањето Право на глас имаат сите државјани на Република Македонија кои имаат пријавено последно живеалиште во Република Македонија, a на денот на изборите привремено престојуваат во Австралија повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во Австралија повеќе од една година, согласно со евиденцијата од надлежен орган, а кои од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список. Гласањето во Изборната едниница 9, ќе се одржи на 26.04.2014 година, во периодот од 07:00 до 19:00 часот, во просториите на Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Австралија, Канбера на 25 Cobbadah street, O'MALLEY 2606, ACT; Мелбурн на Level 7/492 St. Kilda Rd, VIC 3004 Извор: Фаланга- Австралија |