|
|
Патриотски контакти при основањето на ДПМНЕ во дијаспората |
Во времето на основањето на ДПМНЕ, пред ослободувањето, на лидерот на ДООМ, Драган Богдановски од затворското издржување од 11 години во Идризово, УДБ-ашка СР Македонија-Југославија, видните патриоти од Австралија имаа соработка со останатите истомисленици од Европа и Америка. Во последните години од одржување на затворската казна на Богдановски во Идризово, беше посетуван од поедини патриоти од Европа-Германија какоМане Јаковлески, кој заедно со неговиот брат Гојко купи стан во Скопје, специјално за сместување на нашиот лидер. Таа соработка се интензивира со Драган Богдановски кој повторно емигрираше во Шведска, посебно со настаните на почнувањето на распадот на комунизмот во Источна Европа и СССР. Покрај Крсто Шкодров, кој во 1988 година по налог на ТНМРО се поврза со Драган во Крушево на 2 август и Панко Стамкоски, уредник на „Македонија“ од Мелбурн, кој претходната година почна да објавува статии и соопштенија од Драган Богдановски, се поврзав и јас, преку Михаил Шариновски-Солунски, со кого соработувавме во Поткомитетот на Перт, Западна Австралија за МЧП-Солун, кон крајот на 80-те години во Австралија. Моите поврзувања со Богдановски се интензивираа со посебни материјали околу Политичката платформа на ДПМНЕ, Уставот и скоро сите пропратни материјали за основање на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините ограноци-Задгранични Комитети, по државите на западната хемисвера воАвстралија, Европа и Америка. Исто така следуваа телефонски договарања со Драган Богдановски и слични акции за омасовување на ВМРО-ДПМНЕ во Светот и во Македонија.
|