Среда, 30 Април 2014   
Научен симпозиум во Корча

Научен симпозиум во Корча по повод 100-годишнината од раѓањето на Стерјо Спасе

sterjo-spaseПо повод 100-годишнината од раѓањето реномираниот автор со македонско потекло Стерјо Спасе, Универзитетот “Фан С.Ноли”, Корча и факултетот за природни и општествени науки, во соработка со факултетот за образоваие и филолошки науки, организираат научен симпозиум на тема "Животот и книжевното дело на Стерјо Спасе".

На овој симпозиум ќе се презентираат истражувања околу книжевната дејност на Стерјо Спасе и неговиот придонес кон општествената мисла.

Мариа Дојче, која е во организациониот тим на овој научен симпозиум, за весник Македониум изјави дека на овој симпозиум ќе се разговара за активноста и придонесот  на Стерјо Спасе во литературата (естетиката), филозофијата и социо- културниот аспект на неговата работа.

“Друг аспект на овој научен симпозиум е и портретот на Спасе како еден симбол на соработката и подобрата интеграција на македонското малцинство во албанското општеството”. – изјави Мариа Дојче за весник Македониум.

Научниот симпозиум ќе се одржи на 30 мај 2014 година, во 11:00 часот во просториите на факултетот за природни и општествени науки во Корча.

Сите заинтересирани можи да учествуваат на овој симпозиум со своите трудови. Рокот за доставување на темите и абстрактите е 1-ви мај, 2014 на e-mail адресите: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; kalemaj.eriseld @yahoo.com.

Стерјо Спасе, (с.Глобочени, Мала Преспа 1914 – Тирана, 1989) е познат писател со македонско потекло и е еден од најзначајните претставници на современата албанска литература. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби во Мала Преспа. (Македониум)
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.