|
|
Петта годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија |
Апел од Агенцијата за иселеништво на Република Македонија До сите македонски иселенички организации и асоцијации Покана за учество на Петтата годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија Почитувани, Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Петтата годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 23 и 24 јули 2014 година во Скопје во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Исто како и минатата година и оваа година очекуваме Конференцијата да биде отворена од страна на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски. Дневен ред на Конференцијата: 1. Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи 2. Државјанство и избирачко право 3. Организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и организирање на форуми на иселеници според одделни професии 4. Остварување на пензиско право на иселениците 5. Завршни дискусии (прашања и одговори) со пратениците од дијаспората 6. Свечено затворање на Петтата годишна конференција на иселенички организации и доделување на одликувања и признанија "Македонија памти" за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништво, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување од страна на Претседателот на Република Македонија Н.Е. д-р Ѓорге Иванов Ве молиме присуството на претставниците од вашата огранизација да го потврдите во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2014 година. Доколку претставниците имаат интерес за свои излагања по наведените теми, ве молиме да ги најавите до наведениот датум, а за подетални информации околу Програмата ќе ве известиме веднаш по нејзиното изготвување. |